Написи

Лирика (лирски субјект)

Лирика

Лирика е еден од трите литературни рода. Лириката понатаму се дели на лирски видови.

Формата на лириката е стихот. Во прозни текстови може да сретнеме лирски елементи, но тешко ќе сретнеме лирски дела во проза.
Лириката е изразувачка уметност, бидејќи лирските песни се поетски творби со кои се изразуваат чувства, мисли и расположенија. Тие го изразуваат субјективниот став на поетот и претставуваат изблик на чувства, па затоа не може да се раскажуваат (немаат фабула) туку се доживуваат.… Повеќе >>

Лирски видови

Лирски видови

Според внатрешните својства литературата се дели на: лирика, епика и драма.

Лирски видови се:

1. Субјективна лирика:

интимна;

љубовна;

пејзажна;

патриотска;

социјална;

рефлексивна.

2. Возвишена лирика:

ода

химна;

дитирамб.
3. Елегиска лирика:

тажачка песна;

елегија;

епитаф.
4. Сатирична лирика:

хумористична песна;

сатирична песна;

епиграм.

Субјективна лирика

Интимната лирика ги опфаќа песните каде се изразуваат личните (внатрешните, интимните) доживувања на поетот. Најчести мотиви во овие песни се: љубовта, осаменоста, разочараноста од минливоста на животот (младоста) итн.

Љубовната … Повеќе >>

Композиција на песните

Песните имаат специфична композиција (конструкција).
Основен елемент на песната е стихот. Стихот претставува еден ред од песната, кој е покус од редот во текстот и се забележува со голо око.
Стиховите се стегнати изрази со специфична звучност, значење и ритмика.
Повеќе стихови оформуваат строфа.
.

Прочитај повеќе за видовите стихови – силабичен, тонски, силаботонски, скалест и слободен; прочитај за видовите рима во песните.

Строфа

Строфа е целина од одреден број стихови со ритам и интонација (може и … Повеќе >>

Видови стихови и рима

Песните имаат своја композиција. Тие се стихувани творби, со определена ритмика и метрика, организирани во строфи или астрофични, со рима или неримувани.

Видови стихови

Силабичен стих е стих со одреден број слогови. Кај него нема ритмички стапки, туку е важен бројот на слоговите – метриката, цезурата (пауза во средина на стихот) и паузата на крајот од стихот.
Во сите стихови на песната мора да има еднаков број слогови. Силабичниот стих е широко застапен во македонската народна песна.

Тонски стих е

Повеќе >>

Ритмички стапки и ритмички комбинации

Ритмички стапки се целини од нагласен и ненагласен слог.
Има двосложни и трисложни ритмички стапки.
.
Двосложни ритмички стапки
Јамб е двосложна стапка во која првиот слог е ненагласен (краток), а вториот е нагласен (долг).

Во нашиот јазик за да се постигне оваа стапка стихот мора да започне со сврзник, предлог, кратка заменска форма и сл. кои не се акцентираат, а вториот збор е полнозначен двосложен, акцентиран според правилата на првиот слог. На тој начин стихот започнува со

Повеќе >>