Написи

Сонет, сонетен венец

Песната со затврдена форма која има четири строфи, од кои првите две се со по четири стиха (катрени), а вторите две со по три стиха (терцини) се вика сонет.

Сонетниот венец е најсложен по својата лирска композиција.
Тој е составен од 15 сонети, од кои последниот е наречен магистрал.
Магистралот е последниот, петнаесеттиот сонет од сонетниот венец и ги содржи првите стихови на сите претходни четиринаесет сонети.
Тој може да содржи акростих, односно почетните букви на стиховите Повеќе >>

Стилски изразни средства (фонетско-морфолошки)

Поетските творби, односно сите дела напишани во стих, се карактеризираат со богатство на јазикот и стилски изразни средства или стилски фигури. Во минатото тие се проучуваа од теорија на литературата, но сега се предмет на изучување на стилистиката.
Има многу поделби на стилските изразни средства, но можеби најјасна е онаа која се потпира на граматичките својства на јазикот. Поточно, на стилски изразни средства што се однесуваат на фонетските и морфолошките својства на јазикот, на синтаксичките и на семантичките (значенските).

Првите,
Повеќе >>

Стилски изразни средства (синтаксички)

Стилските изразни средства што се однесуваат на целата реченица, односно мисла, се нарекуваат синтаксички или фигури на конструкцијата.
Компарацијата е едно од најзастапените стилски изразни средства и во минатото и денес, а претставува споредба на еден предмет или појава, со друг. Секогаш при споредбата се употребува зборот „како“ или „ко“. На пр.: Гладен како волк.— И најмил спомен што в душа ми блеска
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
(Везилка – Б. Конески)Антитеза е спротивност, односно
Повеќе >>

Стилски изразни средства (семантички) – тропи

Семантички стилски изразни средства (тропи) се изразни средства каде зборот добива поинаква смисла. Поточно, семантиката е наука за значењето на зборовите, нивната внатрешност, па оттука овие стилски изразни средства се однесуваат на тие внатрешни својства на зборовите.

Епитет
во најширока смисла е секој атрибут, односно секој додаток на именката. Во следниот пример има многу епитети и компарации:

Кога бев преполн сила
што придојдува како матна речна глава,
кога се сетив вреден за мојот подвиг,
достоен за слава,
кога ми закрепна

Повеќе >>

Епика

Епика е еден од трите литературни рода. Основна карактеристика на епиката е раскажувањето.
Епските видови може да бидат кратки и долги, во стих или во проза.

Кратки епски видови се:
– во стих: епската песна;
– во проза: расказот (и сите народни умотворби: мит, легенда, предание, приказна, сказна, бајка, басна, анегдота, гатанка, пословица, поговорка).
Долги епски видови се:
– во стих: еп, епопеја;
– во проза: романот.

 

Лик


Во епските дела се прикажани ликови кои се носители

Повеќе >>