Написи

Ликовите во „Црно семе“ од Георгиевски

Ликовите во романот Црно семе“ од Ташко Георгиевски се група Македонци и Грци, затвореници и нивните чувари на еден пуст остров во Егејското Море.
Главните ликови во романот се Доне и Христос.
Покрај нив, прикажани се и: Марко, соселанецот на Доне; грчките затвореници Нико и Парис; потпоручникот Маки и поручникот Скалумбакис.
.
Доне
.
Доне е главниот лик во романот. Тој е Македонец од воденските села, кој служел во грчката војска. Го затвараат заради неговата национална припадност, а го … Повеќе >>

Ташко Георгиевски

Ташко Георгиевски

(15 март 1935-13 април 2012)

Ташко Георгиевски е роден 1935 година во с. Крончилево, Воденско, Егејска Македонија, почина во Скопје, 2012 година.

Неговото творештво е целосно преокупирано со егејската тема, односно со прогонот и ужасната судбина на македонскиот народ од Егејска Македонија по Граѓанската војна во Грција.

Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“.