Написи

Стилистика (функционални стилови)

Стилистика е наука за стилот на говорење и пишување, односно за начинот на изразување на мислите, чувствата и впечатоците.

.

Разликуваме два вида стилистика:
1. Литературна (за стилските фигури, тропи);
2. Лингвостилистика, во која спаѓаат и функционалните стилови.

.

Функционалните стилови ги употребуваме во зависност од тоа каде, со кого и за што зборуваме или пишуваме. На пример, различен стил на зборување ќе употребиме при комуникација со пријателите, со наставниците и претпоставените, со некој кој има повисоко или

Повеќе >>

Поделба на фразеологизмите

разеологизмите како зацврстени зборовни состави имаат свои карактеристики и поделба.
Основни карактеристики на фразеологизмите се:
1. Компонентен состав
Фразеологизмите се составени најмалку од два збора (компоненти).
2. Метафоричност
Значењето на фразеологизмите е метафорично, односно преносно.
3. Постојаност на формата
Формата на фразеологизмите е секогаш иста, не се менува. Целиот израз, непроменет го вклучуваме во реченицата.
4. Впечатливост (експресивност)
Фразеологизмите ги употребуваме кога сакаме повпечатливо да се изразиме.
На пр.: Земи колку што ти душа сака. (Земи многу.);
Собери си ги
Повеќе >>

Научен стил

Научен стил е еден од функционалните стилови со кои се занимава стилистиката.

Стилистика е наука за стилот на говорење и пишување, односно за начинот на изразување на мислите, чувствата и впечатоците.

Hаучниот стил ги покрива областите на науката и техниката, образованието и просветувањето. Може да биде во усна и писмена форма, но карактеристична е објективноста на изложувањето, постапноста, логичноста и прецизноста.
Јазичниот израз кај научниот стил е строго специјалистички за определена област со претходно

Повеќе >>