Стандардизација на јазикот
1. за основа на литературниот јазик да се земат централните македонски говори;
2. користење фонетски правопис (со мали отстапки);
3. речникот да се збогатува со зборови од сите македонски наречја.
Кодификацијата на јазикот
– во македонскиот литературен јазик да се установат оние форми од централните македонски говори што во најголем степен ќе ги поврзат сите наши говори и ќе бидат лесно приемливи за луѓето од сите наши краишта;
– во македонскиот литературен јазик треба во најголем степен да се изрази неговата народна основа. Речникот на литературниот јазик да се збогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се изградуваат зборови со живи наставки, и само колку што е потребно да се усвојуваат и туѓи заемки;
– македонската азбука да биде составена од толку букви колку што има гласови во литературниот јазик. Правописот да се изработи врз фонетскиот принцип.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулирала своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година, која била усвоена на 5 мај од Владата на Демократска Федеративна Македонија. Правописот е озаконет на 7 јуни 1945 година.
Во двете комисии учествувал Блаже Конески.
.
- Македонски правопис со правописен речник (со Крум Тошев, 1950)
- Граматика на македонскиот литературен јазик (прв дел, 1952)
- За македонскиот литературен јазик (1952)
- Граматика на македонскиот литературен јазик (втор дел, 1954)
- Речник на македонскиот јазик (редакција, 1961)
- Историја на македонскиот јазик (1965)
- Речник на македонскиот јазик (редакција, книга втора, 1965)
- Речник на македонскиот јазик (редакција, книга трета, 1966)