Резиме на темата: Историски развој на македонскиот јазик со прашања и вежби за повторување.
Македонскиот јазик спаѓа во индоевропското семејство на словенските јазици – јужна група (источна подгрупа со бугарскиот).
Историјата на македонскиот јазик започнува со прасловенскиот јазик кој немал писмо, па затоа и немаме точни податоци каков бил тој. Но, врз основа на тој јазик, а особено врз основа на говорот на Словените кои живееле во околината на Солун е создаден првиот писмен словенски јазик т.н. старословенски јазик. Првата словенска азбука е глаголицата, а нешто подоцна е создадена кирилицата.
1. Создавањето на посебен македонски јазик започнува во 12. век со првите варијанти (редакции) – текстови во кои забележуваме разлики и развој пред сè на јеровите во о и е (Ъ > о, Ь > е – сон, ден ). Кај соседните словенски јазици тие се развиваат различно: кај српскиот во а (сан, дан), а кај бугарскиот останале (сън, дън).
 
Зографско евангелие
 
2. Во 16. век се појавуваат дамаскините кои претставуваат почеток на македонски книжевен јазик.
3. На почетокот од 19. век се појавуваат книгите од Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски.
4. Во средината на 19. век – појава на првите уметнички литературни творби – песните на Константин Миладинов (на струшки говор).
5. 1875 – појава на книгите на Ѓорѓија Пулевски со кои започнува стандардизацијата на македонскиот јазик – идеја за посебен македонски литературен јазик.
6. 1903 – „За македонцките работи“ – прва стандардизација на македонскиот јазик.
 
Носители на македонистичките идеи (самостојна Македонија, самостоен јазик) се здруженијата формирани од емигранти – во Бугарија, Србија, Грција и Русија.
Прво такво здружение е формирано во Атина седумдесеттите години од 19. век од Стефан Дамчев Македон,

потоа 1888 г. во Софија Ѓорѓија Пулевски ја формира Словенско-македонска книжевна дружина,
па во 1890 е оформена Младата македонска книжевна дружина (сп. „Лоза“),
во 1893 г. во Белград ученичката дружина Вардар,
потоа Македонскиот клуб во Белград 1902 (сп. „Балкански гласник“)
па Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург 1902 (сп. „Македонски глас“).
Идеите на овие здруженија се дефинирани во книгата „За македонцките работи“ (1903). Таму, освен прикажувањето на реалните состојби во Македонија („Шчо напраифме и шчо треба да напраиме за однапред“) се дадени предлози за подобрување на состојбата. Сепак, најзначајна е последната статија „Неколку зборој за македонцкиот литературен јазик“ каде е дадена теоретската основа на официјалниот македонски јазик, а самата книга е напишана на тој јазик – како практична примена на теоретските правила.
Основните принципи предложени од Мисирков, а подоцна применети при конечното стандардизирање на македонскиот јазик се:
 
1. за основа на литературниот јазик да се земат централните македонски говори;
2. фонетски правопис (со мали отстапки);
3. речникот да се збогатува со зборови од сите македонски наречја.
 
 

 
 
 
Прашања за повторување:
 
 
1. Кој е првиот нормиран јазик на Словените?
а) кога е создаден?
б) врз основа на кој говор?
2. Кога се појавуваат варијанти на словенскиот јазик?
3. Кој и кога ги отпечатува првите книги на македонски народен јазик?
4. Кој и кога ја направил првата стандардизација на македонскиот јазик?
5. Кој јазик го користеле Македонците во поделената Македонија по Балканските војни?
а) каде состојбата била најтешка, а каде имало најголем напредок?
6. Кои се македонските автори кои твореле меѓу двете светски војни и кој јазик го употребувале?
7. Кога е направена кодификацијата на македонскиот јазик?
8. Каков бил развојот на самогласките во македонскиот јазик?
а) како се развиле еровите?
9. Какви опозиции на согласките се разликувале во стариот јазик?
а) каква опозиција повеќе не постои во македонскиот јазик?
10. Како се развил македонскиот јазик во однос на граматичкиот систем?
11. Наброј ги падежите од старословенскиот јазик!
12. Од кои падежи има остатоци кај именките во нашиот јазик?
13. Од кои падежи има остатоци кај заменките во нашиот јазик?
14. Каков е именскиот систем на современиот јазик во споредба со стариот?
15. Каков е глаголскиот систем на современиот јазик во споредба со стариот?
16. Кои нови глаголски конструкции се формирани во македонскиот јазик?
1. Македонскиот јазик спаѓа во индоевропското семејство, во:

 

а) западна,
б) источна,
в) јужна
словенска група.

2. Прасловенскиот јазик станал писмен јазик во:

а) 9. век,
б) 14. век,
в) 19. век.

3. Првата словенска азбука се вика:

а) глаголица,
б) кирилица,
в) латиница.

4. Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ ги напишале (и отпечатиле) првите книги на:

а) македонски литературен јазик,
б) бугарски литературен јазик,
в) народен македонски јазик .

5. Константин Миладинов својата поезија ја пишувал на:

а) литературен македонски јазик;
б) литературен бугарски јазик;
в) мешан македонско – бугарски јазик;
г) народен јазик.

6. На кој јазик Глигор Прличев го напишал „Сердарот“ ?

а) македонски литературен јазик,
б) македонски народен јазик,
в) бугарски јазик,
г) грчки јазик.

7. Во кој век се поставува прашањето за создавањето на македонски литературен јазик?

а) 9. век,
б) 14. век,
в) 19. век

8. Каков литературен јазик предлагал Партение Зографски?

9. Каков литературен јазик предлагал Ѓорѓија Пулевски?

10. Наброј најмалку три книги од Ѓорѓија Пулевски:

11. Поради своите ставови во однос на народот, татковината и јазикот Ѓорѓија Пулевски го нарекуваме.

12. За што се залагале здруженијата од македонски емигранти во соседните држави и во Русија?

13. Зошто членовите на Младата македонска книжевна дружина се наречени Лозари?

14. Книгата ________________________ Крсте Петков Мисирков ја отпечатува во ______________, _____________ година.

15. На кој јазик ја напишал Крсте Петков Мисирков својата книга?

16. Кои се трите принципа што ги предлага Крсте Петков Мисирков за македонскиот литературен јазик:
а) ________________________________________________
б) ________________________________________________
в) ________________________________________________