Почетна » македонски јазик » историски развој на македонскиот јазик » Учебникарската дејност во Македонија

Учебникарската дејност во Македонија

Учебникарската дејност во Македонија започнала да се развива кон средината на 19 век.
По појавата на просветителството и првите книги на народен македонски јазик на почетокот од 19 век, кон средината на векот почнало да се поставува прашањето за формирање единствен јазик, литературен јазик, кој ќе се употребува во училиштата, како и за пишување текстови, учебници и друга литература.

Предлози за идниот литературен јазик

Во средината на 19 век Галичник бил голем економски центар (мал град, поголем од Гостивар), па токму од таму потекнуваат двајцата застапувачи за создавање литературен јазик.
Тие имале две различни гледишта:
  • да се формира заеднички, бугарско – македонски јазик, кој ќе содржи подеднакво црти од двата јазика, застапувано од Партенија Зографски;
  • да се формира посебен македонски литературен јазик, одделен од бугарскиот, гледиште кое било застапувано од Ѓорѓија Пулевски.
Ѓорѓија Пулевски, самоукиот галички ѕидар и печалбар, еден од првите комити и револуционери, војвода и поет, учебникар, фолклорист и етнограф, лексикограф, граматичар, историчар и културно-национален идеолог е најизразитиот и најголемиот македонист во ова време.
Творечката дејност на Ѓорѓија Пулевски
  • „Речник од четири јазика“ (1873),
  • „Речникот од три јазика“(1875) (Извадок од „Тријазичникот“: Што се велит народ? – Народ се велит људи који се од еден род и који зборувајет еднаков збор и који живувајет и се другарат еден со други и који имејет једнакви обичаји и песни и весеља. Тие људите ји викајет народ, а место во које живуват народ се велит отчество од тој народ. Така и Македонците се народ и местово нивно је Македонија.), каде јасно ја изразува идејата за посебноста на македонскиот народ;
  • стихозбирката „Македонска песнарка“(1879), која содржи три лични и повеќе народни песни;
  • првата граматика на македонскиот народ „Слогница речовска“ (1880) и
  • обемната и значајна историја „Славјано-македонска општа историја“(1892) завршена непосредно пред неговата смрт.
Освен овие, напишал и прирачник за учење на македонскиот јазик „Јазичница“.
Од овој период (втората половина на 19 век) Ѓорѓија Пулевски е најсилниот поборник за посебноста на македонскиот народ.
Други учебникари
Освен Партенија Зографски и Ѓорѓија Пулевски, во средината на 19 век, учебникарската дејност ја продолжиле и: Јордан Хаџи Константинов-Џинот и Кузман Шапкарев.
Јордан Хаџи Константинов-Џинот учителствувал во Велес и Скопје, пишувал песни и драмски текстови за потребите на училиштето и сето тоа го правел на народен јазик.
Ја напишал „Таблица перваја“, првиот буквар (кој всушност бил нешто налик на ѕиден весник).
И Шапкарев пишувал учебници, но на бугарски јазик. Освен, осмата книга „Мајчин јазик- буквар“, напишан на охридски говор.

Прочитај и за:

  1. Почетоци на словенската писменост
  2. Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици
  3. Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови) – прва половина на 19 век
  4. Македонскиот јазик во средината на 19 век (Учебникарската дејност)
  5. Македонскиот јазик во втората половина на 19 век
  6. Лозарите – претходници на Мисирков
  7. Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“ (почеток на 20 век)
  8. Македонскиот јазик меѓу двете светски војни
  9. Македонскиот јазик за време на НОБ
  10. Улогата на Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот јазик
  11. Развој на македонскиот гласовен систем
  12. Развој на македонскиот граматички систем
Scroll to Top