Јазикот како систем од знаци
Човечкиот јазик е најсложен систем од знаци.
Јазикот е составен од многу делови, а сите тие се знаци. Гласовите, буквите, зборовите, речениците се знаци. Граматиката е систем од знаци.
Јазикот е составен од многу делови, а сите тие се знаци. Гласовите, буквите, зборовите, речениците се знаци. Граматиката е систем од знаци.
Замислете си што сѐтреба да знаете за да составите една реченица.
Пред сè треба да научите правилно да ги артикулирате гласовите.
Потоа, треба да научите правилно да ги артикулирате зборовите и да го знаете нивното значење, односно да ги поврзувате со предметите и појавите што ги претставуваат.
За да составите реченица треба да ги знаете правилата на синтаксата (правилниот редослед на зборовите во реченицата) итн.
На пр.: Денес ќе одам в училиште.
За да ја искажеме оваа мисла ние сме одбрале пет зборчиња од целиот јазик, потоа сме употребиле правила: сме ги подредиле зборовите по правилен ред (синтакса), сме употребиле: идно време на глаголот, во прво лице (морфологија) итн.
Јазикот содржи неограничено множество знаци. Не постои човек што ги знае сите знаци на еден јазик. За да говориме, потребно е да го познаваме системот и да знаеме определена количина од знаците.
Јазикот е апстрактен систем од знаци.
Кога говориме, ние одбираме конкретни делчиња од системот и ги подредуваме според зададените правила.
Од целото множество апстрактни знаци на јазикот, ние употребуваме неколку конкретни знаци и правила за да ја искажеме својата мисла која ја преточуваме во говор.
Говорот е конкретно остварување на јазикот.

Јазикот како средство за комуникација (општење)
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Функцијата на јазикот е комуникацијата. Потребата на човекот да ги искаже своите мисли и чувства довеле до создавање на јазикот.
Јазикот претставува систем од знаци што се употребуваат за комуникација. Тој е вродена способност на човекот. Секој човек е роден со способност да зборува. Ниедно друго живо суштество на нашата планета нема говорни органи како човекот, ниту мозок кој може да ги сфаќа симболите така како што може човекот. Од нас зависи колку ќе го усовршиме знаењето на јазикот и неговиот систем.
Човечкиот јазик е најсовршено средство за комуникација.