Според внатрешните својства литературата се дели на: лирика, епика и драма.
Лирски видови се:
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
1. Субјективна лирика:
интимна;
љубовна;
пејзажна;
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
патриотска;
социјална;
рефлексивна.
2. Возвишена лирика:
ода
химна;
дитирамб.
3. Елегиска лирика:
тажачка песна;
елегија;
епитаф.
4. Сатирична лирика:
хумористична песна;
сатирична песна;
епиграм.
Субјективна лирика
Интимната лирика ги опфаќа песните каде се изразуваат личните (внатрешните, интимните) доживувања на поетот. Најчести мотиви во овие песни се: љубовта, осаменоста, разочараноста од минливоста на животот (младоста) итн.
Возвишена лирика
Овде спаѓаат сите видови лирски песни ако се напишани со возвишен и свечен тон.
Одата е пофална песна со возвишен тон. Во неа се возвишуваат некои славни личности, јунаци, но и: младоста, радоста итн.
Елегиска лирика
Тажачките песни се кажувале над покојникот и во нив се искажувала длабоката тага и болка заради смртта на блискиот.
Сатирична лирика
Хумористичната песна го исмејува човекот, општеството или нешто друго користејќи благ хумор.
Сатиричната песна е многу поостра во исмевањето користејќи иронија и сарказам за да се поправат исмеаните недостатоци.
Епиграмот е кратка (од два до осум стиха) хумористично-сатирична песна.