Наука за литературата

Наука за литературата ја проучува уметничката литература.
Таа опфаќа неколку дисциплини:


1. Историја на литературата – се занимава со проучување на појавата и развитокот на литературата; литературните периоди/правци и нивните претставници.


2. Теорија на литературата – се занимава со особеностите на литературните дела, нивната форма и содржина, темата и идејата, композицијата, стилот (стилските фигури), јазикот, версификацијата (ритам, ритмичка стапка, рима, стих и строфа); како и за поделбата на литературните родови и видови.
Во поново време стилот и стилските изразни средства се издвојуваат и проучуваат во посебна дисциплина: стилистика.
Уште во антиката Аристотел се занимавал со теорија на литературата, односно во својата „Поетика“ тој тргнува од суштината на поезијата до нејзините стилски белези.


3. Литературна критика е врската меѓу литературното дело и читателот, односно таа го открива значењето, убавината и вредноста на делото.
Scroll to Top