Стилски изразни средства или стилски фигури се употребуваат во песните за постигнување посилна емоционалност, поголема сликовитост и музикалност.
Поетските творби, односно сите дела напишани во стих, се карактеризираат со богатство на јазикот и стилски изразни средства или стилски фигури. Во минатото тие се проучуваа од теорија на литературата, но сега се предмет на изучување на стилистиката.
Има многу поделби на стилските изразни средства, но можеби најјасна е онаа која се потпира на граматичките својства на јазикот. Поточно, на стилски изразни средства што се однесуваат на фонетските и морфолошките својства на јазикот, на синтаксичките и на семантичките (значенските).
Асонанца
Асонанца (асонанција) е повторување исти самогласки за постигнување на звучен ефект. (На пр.: око соколово)
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој…
………………………………..
…„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна…“
(„Ленка“, К. Рацин)
Гласот О е доминантен во целата песна, а особено во стиховите: „Зошто ми, зошто остана…“ кои се израз на длабоката тага заради прерано завршениот живот. Гласот О асоцира на бооолка, на ооофкање, на дооолго тагување и не е случајно употребен во песната.
.
Алитерација
.
Алитерација е повторување исти согласки или гласовни групи за постигнување звучен ефект.
Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.
Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.
Глуво е сè. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.
(„Ѕвона“Матеја Матевски)
Во песната „Ѕвона“ од Матеја Матевски се употребени многу зборови со гласовите: ѕ, з, ж, с, за да го приближи ѕвонењето и преку звукот на зборовите, а не само преку нивното значење.
.
Ономатопеја
.
во ноќта црна…
(„Балада“, Г. Тодоровски)
Парономазија
не сум превардарен, ни подвардарен,
може сум варден, та недоварден,
јас тек без ширина и должина!
.
Анафора
.
Анафората е фонетско-морфолошка фигура бидејќи се повторуваат цели зборови на почетокот од стихот. Бидејќи често се повторуваат повеќе зборови, односно делови од реченица, овие фигури (анафората, епифората, симплохата и палелогијата) приклонуваат кон синтаксичките фигури (или фигури на конструкцијата).
Лист по лист кини,
лист по лист нижи,
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди…
(„Тутуноберачите“, Кочо Рацин)
.
Епифора
.
Епифората е фигура во која се повторуваат зборовите на крајот од стихот.
Над мене сив облак и сива орлица
се договараат за нешто,
а јас мислам дека кај тебе
ме потскажуваат, Дениција.
Оти дошто видов кула и пладневна топола
беа како твојата става, Дениција.
Дошто сретнав омарнина и жито во движење
беа како твојата коса, Дениција.
Дошто открив сончоглед и светла пушкарница
беа како твоите очи, Дениција.
Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеница
беа како твојата уста, Дениција…
(„Дениција“, П.М. Андреевски)
.
Симплоха
.
Симплохата претставува соединување на анафората и епифората, односно повторување зборови и на почетокот и на крајот од стихот.
Да видам Охрид, Струга да видам…
(„Т’ га за југ“ К.Миладинов)
.
Палилогија
.
Палилогија е кога еден или повеќе зборови од крајот на стихот се повторуваат на почетокот од следниот стих.
А беше тоа кога помислував
дека веќе не можам да мислам без тебе,
па почнував да личам на сите мои предци,
на сите мои предци, а најмногу на себеси.
(„Дениција“, П.М.Андреевски)
.