Почетна » светска литература » ренесанса » Франческо Петрарка

Франческо Петрарка

 


Франческо Петрарка

Франческо Петрарка (1304 – 1374) е претставник на предренесансата. Тој прв внесува индивидуализам во своето творештво, односно се свртува кон себе и своите чувства.

Роден е во гратчето Арецо, но по потекло е фирентинец. Неговиот татко бил протеран од Фиренца бидејќи бил политички активен – истомисленик со Данте (од партијата на белите гвелфи).

Кога Петрарка имал 8 години семејството се преселило во јужна Франција, во Авињон кој бил папско седиште во 14 век.

Како мал се запознал со античката римска литература, а образованието го продолжил во Болоња на правни науки.

По смртта на родителите се вратил во Авињон и станал свештеник. Влезот во папскиот двор му овозможил раскошен живот, но и сознание за лицемерието и пороците кои таму владееле.

На 23 години се вљубил во млада жена, Лаура, на која ѝ ги посветил своите песни. Таа била мажена, имала многу деца и никогаш не му ја возвратила љубовта.

Неговата најпозната збирка песни „Канцониер“ ѝ  ја посветил нејзе.

Прочитај повеќе за „Канцониерот“ од Петрарка.

Петрарка ја проучувал римската литература и сметал дека вистинска уметност треба да се создава на латински јазик, па затоа поголем дел од делата ги напишал на тој јазик. Но, најголем успех доживеал токму со песните напишани на народен италијански јазик.

Петрарка имал немирен и истражувачки дух. Бил испратен на научно патување низ Франција и Германија, се искачил на алпискиот врв Мон Банту, па го посетил Рим. Едно време се повлекол во селцето Воклиз до Авињон каде осмислил и напишал повеќе дела меѓу кои и епопејата „Африка“ напишана на латински јазик.

Бидејќи уште за време на животот бил признат поет му понудиле да се врати во Фиренца и да му го вратат конфискуваниот имот од татко му.

Но, тој пред крај на животот се повлекол во Падова во осаменост, каде читал антички ракописи.

2 thoughts on “Франческо Петрарка”

  1. prekrasen liri4ar vo predrenesansata na italijanskata literatura,koj ostavil dlaboka traga i prekrasni dela,na4inot na koi se napishani podatocite za nego se so eden zbor ubavo sublimirani za u4enikot od 2 godina da ja razbere vrednosta na delata na ovoj liri4ar..Edno golemo bravo za toj sto go pisuval ovoj zbir na podatoci na Francesko

Comments are closed.

Scroll to Top