Прочитај повеќе за Мигел де Сервантес.
Содржина на романот
Осиромашниот селски благородник Алонсо Кихано од здодевност читал рицарски романи и толку многу се занел со нив што дури продал дел од имотот за да си купува нови.
Занесен од романите, тој решава да стане рицар-скитник и самиот да доживее многу авантури.
Најпрво, тој си го променил името, па од Алонсо Кихано станал Дон Кихот, потоа го исчистил оружјето од неговите прадедовци кое било `рѓосано и распаднато, на шлемот додал картонски визир бидејќи вистинскиот бил искршен, четири дена му смислувал достоинствено име на својот слаб коњ со многу недостатоци – Росинант; и на крајот требало уште само да најде некоја дама во која ќе се вљуби и на која ќе и ги посвети своите храбри походи. Ја одбрал девојката од соседното село Алдонса Лоренсо која ја нарекува Дулчинеја од Тобозо, име кое му се чинело доволно благородно и благозвучно.
Така подготвен, тргнал во поход.
Сето тоа на Дон Кихот му било нормално и убаво, само го измачувала мислата дека не е роден витез и дека треба некој да го посвети во витешкото звање, за да може да се впушта во авантури. Веднаш по вечерата го замолил крчмарот утредента тој да ја има таа чест. Крчмарот, сфаќајќи со кого има работа, прифатил. Освен тоа му дал и добри совети, како на пр.: да си носи пари и чисти кошули со себе, зашто тоа не го пишувало во романите, но се подразбирало.
Ноќта, како секој витез и Дон Кихот требало да бдее над оружјето за утредента да биде посветен во витез. Бдеењето се одвивало во задниот двор, покрај бунарот, а оружјето го ставил во корито. Но, вечерта во крчмата дошле маскари и кога едниот од нив сакал да си ги напои маските, отишол во задниот двор, го зел коритото, а оружјето на Дон Кихот го фрлил. Кога го видел тоа, Дон Кихот повикувајќи се на љубовта кон Дулчинеја, го зел копјето и со него го претепал маскарот и продолжил со своето бдеење како ништо да не се случило.
Малку подоцна дошол и втор маскар со истата намера и кога го тргнал оружјето од коритото, Дон Кихот и него го претепал. Кога ја слушнале мешаницата, луѓето од крчмата дошле да видат што се случува. Но, тогаш крчмарот го заштитил Дон Кихот, кажувајќи им на луѓето дека е луд и дека нема да одговара и ако убие некого. За да ги скрати маките и за да не се случи уште некоја незгода, крчмарот побрзува со церемонијата на здобивањето со витешко звање – удар со рака по тилот и со сабјата по грбот, една од девојките му го опашува мечот, му посакува да биде најсреќниот витез – и Дон Кихот бил подготвен за своите походи.Од крчмата тој тргнува прво дома, за да се снабди со многу потребните работи – пари и облека. Но, по патот слушнал некои гласови и видел како некое момче било врзано за дрво, а неговиот господар го тепал.
Заштитникот на немоќните, сиромашните и обесправените – Дон Кихот се вмешал за да ја истера правдината. Иако господарот му кажал дека момчето е негов слуга кој ги пасел овците и не внимавал, па секој ден му фалела по една овца и заради тоа не сакал да му ја исплати платата, сепак, Дон Кихот не отстапил. Го натерал господарот да го одврзе момчето од дрвото и да вети дека ќе му исплати онолку пари колку што му должел. Господарот послушал, но откако Дон Кихот си заминал, тој повторно го врзал момчето и уште повеќе го истепал.Такви се походите на Дон Кихот, смешни, бизарни.
На патот кон дома ќе налета на трговци кои нема да имаат милост кон неговата лудост и ќе го испретепаат.
Петнаесетина дена останал дома и не покажувал со ништо дека ќе ги продолжи своите будалаштини. Ама тој, во меѓувреме стапил во контакт со еден селанец, „човек со златно срце, но со мошне малку мозок во својата глава“, кого го наговорил да стане негов оружоносец и придружник, а кога ќе спечалел некој остров него ќе го назначел за губернатор.
Одејќи по патот и барајќи авантури, Дон Кихот и Санчо Панса здогледале 30-40 ветерници. Дон Кихот, во својот поматен ум задоен од витешките романи во кои егзистирале многу натприродни суштества, си замислил дека ветерниците се огромни џинови со долги раце. Санчо Панса го предупредил дека тоа се обични ветерници, но Кихот не сакал ни да слушне и тргнал во храбра борба против нив. Кога и се приближувал на првата ветерница, задувал ветер и ги раздвижил нејзините големи крила. Повикувајќи ја Дулчинеа да го поткрепи во борбата, го вперил копјето и го потерал Росинант во галоп кон првиот „непријател“. Удрил во крилото кое во тој миг ветрот толку силно го завртело што му го искршило копјето на парчиња, а коњот и коњаникот ги кутнал на земја.
Многубројни се подвизите на Дон Кихот, подвизи кои предизвикуваат смеа, но често и тага.
Тој се бори со стадо овци замислувајќи го како непријателска војска…
Пред крајот на романот Дон Кихот е примен во дворецот на Војвотката ловџика која од здодевност му овозможува тој да живее во својот имагинарен свет, му дава облека, го води на лов, а на Санчо Панса му даваат божемна гувернерска функција.
Но, ваквиот живот набрзо им здосадува и на двајцата, па тие повторно тргнуваат да си бараат авантури.
Последна е борбата со Витезот од Белиот Месец (всушност преправен пријател на внуката на Дон Кихот) кој го победува и заради поразот Кихот мора да ги прифати поставените услови. Односно, мора барем една година да се повлече дома и да не зема оружје в раце.
Тажен е крајот на романот кога јунакот ќе умре во постела, без остварени соништа и без возвратена љубов.
Тој не умира со поматен ум, туку е свесен за своите дела што ги сторил и за тоа ги обвинува приказните кои ги прочитал. Вразумен, тој ги проколнува витешките романи, а на својата внука и го остава наследството, само под услов да не се омажи за човек кој читал такви книги.
браво !!
фала многу!
blagodaram
Нема зошто, повелете и другпат :)
Inzvaredna izrabotka! Bravo! Samo vaka prodolzete !! Racete da vi se pozlatat!
-.-
Bravo Bile xD mi pomogna mnogu….ama ne ja procitav hhhh :D
Благодарам =) ептен ми помогна ..
фала и од мене стварно ми помогна
Фантастични сте нема што ! Секоја Ви чест !!!
фала многу на тој/таа што ја расказал/а книгата :)
најдобар си!!!