Почетна » македонски јазик » морфологија » менливи зборови » Вежби за повторување (именски зборови)

Вежби за повторување (именски зборови)

Вежби за повторување (тест)  – именски зборови.

Именски зборови се менливите зборови без глаголите, односно: именки, придавки, заменки и броеви. Тие имаат слични особени, граматички категории и функции во реченицата и затоа се посебна група зборови.

1. Состави најмалку пет збора со додавање афикси на глаголот ШЕТА.

2. Подели ги следните зборови на морфеми: течност; разгледница; размислува

3. Определи ги видовите морфеми од кои се составени зборовите:

приредбата; капак

4. Определи го родот на следните именки:
мускули ________________
песок ________________

5. Направи морфолошка анализа на именките (вид, род, број, определеност)
есента __________________________________________________________
дете ______________________________________________________________

6. Образувај ги сите три вида множина кај именките

бисер __________________________________________________________
планина ________________________________________________________

7. Меѓу следните зборови откриј ги и подвлечи ги придавките:

додава, дарба, надарен, подарок, подарува, подареното, даруван

8. Степенувај ја придавката СЛАБ

9. Напиши ги со зборови броевите:
352 ____________________________________________________________
34 896 __________________________________________________________

10. Членувај ги броевите:
четиристотини ______________________________________________________
деветмина ________________________________________________________
седум ___________________________________________________________

11. Напиши ги формите на личните заменки за директен предмет:

еднина множина

1л.
2л.
3л.

12. Каде се наоѓа предметот ако ја употербиме показната заменка ОВОЈ?

_____________________________________________________________

13. Подвлечи ги лично-предметните заменки:

негово, мое, кое, свое, себе, чие, сечие, што, тоа, никое, нејзино,

14. Од следниот текст издвој ги во колони: именките, придавките, заменките и броевите:

Тогаш првпат помислив дека сум вљубен. Нејзината насмевка ми го освои срцето. Моите двајца другари ми се потсмеваа и зезаа. Ќе го издржам ли овој тежок товар? Ќе почекам уште два-три дена и ќе одлучам – таа или тие.

именки:
придавки:
заменки:
броеви:

 

Scroll to Top