Во прости глаголски форми спаѓаат:

а) сегашно време,

б) заповеден начин,

в) минато определено (несвршено и свршено) време,

г) глаголска л-форма,

д) глаголска придавка,

ѓ) глаголски прилог, и

е) глаголска именка.

 

Сегашно време

Сегашното време означува глаголско дејство што се врши во моментот на зборувањето.

Се образува од основата на несвршени, трајни глаголи. На општиот дел и основниот вокал се додаваат наставките:

 

еднина
1л. -м
2л. -ш
3л. /

множина
1л. – ме
2л. – те
3л. – ат

 

Заповеден начин

Со заповедниот начин се искажува желбен или заповеден однос кон глаголското дејство.

Заповедниот начин има форми само за второ лице еднина и множина.

Се образува со наставките:

еднина
1л. /
2л.- ј
3л. /

множина
1л. /
2л. – јте
3л. /

еднина
1л. /
2л. – и
3л. /

множина
1л. /
2л. – те
3л. /

 

 

Минато определено несвршено време (имперфект)

 

Минато определено несвршено време е проста глаголска форма. Означува глаголско дејство што се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува.

Се образува од несвршени глаголи.

Минато определено несвршено време се образува од општиот дел на глаголот, основниот вокал и наставките:

еднина
1л. – в
2л. – ше
3л. – ше

множина
1л. – вме
2л. – вте
3л. – а

 

 

 

Минато определено свршено време

 

Со него се искажува глаголско дејство кое се извршило во минатото во присуство на лицето што зборува.

Се образува од свршени глаголи.

Минато определено свршено време се образува од општиот дел на глаголот, основниот вокал и наставките:

еднина
1л. -в
2л. /
3л. /

множина
1л. – вме
2л. -вте
3л. -а

 

 

 

Именски форми на глаголот (нелични глаголски форми)

Именските форми се прости глаголски форми кои имаат именски карактеристики. Се менуваат по род, број, се членуваат или воопшто не трпат промени.

Тие се нелични затоа што не се менуваат по лице. Тука спаѓаат:

Глаголска л-форма

Глаголска именка

Глаголска придавка

Глаголски прилог