Историја на литературата е една од областите со кои се занимава науката за литературата.
Историја на литературата се занимава со појавата и историскиот развиток на литературата, појавата во определени периоди на разните правци во литературата и нивните претставници.
Литературата е уметност чие изразно средство е зборот. Потребата на човекот да ги прераскаже доживувањата и случките, како и да ги изрази своите чувства доведува до појава на уметноста.
Литературата, како дел од уметноста се појавува уште во првобитното општество пропратена со музика и игра. Спојот од музика, текст и игра што се појавува во најстаро време се нарекува првобитен синкретизам.
Со појавата на старите држави, се развива и литературата кај старите народи (стара литература).
Периоди (епохи) во литературата и уметноста се:
- ренесанса,
- класицизам,
- просветителство,
- романтизам,
- реализам,
- натурализам,
- модерна,
- современа (со свои подвидови).