Почетна » македонски јазик » фонетика » Обезвучување на согласките на крајот од зборот

Обезвучување на согласките на крајот од зборот

Обезвучување на согласките на крајот од зборот е гласовна промена која е проучувана од фонетиката.
Тоа е гласовна промена каде звучните согласки на крајот од зборот се изговараат безвучно (но, се пишуваат звучните).
  • Поделба на согласките според нивната звучност:

звучни     Б  В Г Д Ѓ З Ж  Ѕ Џ /

безвучни П Ф К Т Ќ С Ш Ц Ч Х

(сонанти: Ј, Р, Л, Љ, М, Н, Њ)

 

Звучните и безвучните согласки во македонскиот јазик се во парови (секоја звучна си има безвучен парник), освен Х кое е безвучно. Сонантите се позвучни од звучните согласки и им се доближуваат на самогласките.
Поделбата на звучни и безвучни согласки е важна за гласовните промени.

Кај едначењето по звучност, кога во зборот ќе се најдат две согласки една до друга различни по звучност тие се изедначуваат.

На пример: близ + ка = блиска; гос + ба = гозба.

Зборовите, со гласови изедначени по звучност, така се изговараат и така се пишуваат.

Кај обезвучувањето на согласките на крајот од зборот имаме обезвучување само во изговорот.

На пример:

се пишува – леб; се изговара – леп;

се пишува – град; се изговара – грат;

мраз – мрас;

грав – граф;

еж – еш.

Секоја звучна согласка на крајот од зборот се изговара како нејзиниот безвучен парник.

  • Забелешка: за да знаете како да го напишете, ако се двоумите, членувајте го зборот: леб – лебот, град – градот; тогаш јасно се слуша звучната согласка.

Scroll to Top