Јоаким Крчовски живеел и работел на преминот од XVIII во XIX век. Немаме податоци за неговото раѓање, времето и местото, како ни за смртта. Се претпоставува дека презимето го добил според турскиот назив за Кичево – Крчово и дека најверојатно бил родум од таму. Учителствувал во Паланка и Кратово и со тоа, тој е еден од првите наши манастирски учители.
Темата на текстот „ Слово заради завист “ е зависта како негативна човекова особина, а идејата – да се искорени тоа човечко зло.
Композициски текстот има: воведен дел, изложување и заклучок.
Слово заради завист
О прокљатаја и на Бога мерзкаја и всепогана и што губи души завист! Она е семја на секо зло и грех. Таја скверна завист, јадовита и гнусна, она испоганила небо и земља и запалила пламен вечнија муки.
Первиј согрешил на небеси Денница, сос завист и фодуллук. Така и Адам у рај што му заповедал Бог, не послушал и отпаднал од Бога. А по Адама и Каин испаден сос завист. Ама тија первии грехове излегли од дјавола што бил Денница. Адама и Каина тој ги научил на зло. Од завист помрачил се и потемнел што бил глава на ангелите, првиј над серафимите, најхубава Денница утро што изгрева и сијае. Прво видел неизреченаја хубавина што е колку три слнца – светлост божества. Паднал у завист, пак си подигнал срдцето на гордост, на фодуллук, па сакал да биде Бог. Рекл на срдцето си и на умо си: „Да се искачим на небото како Бога да бидем“.
Завист Данница ангела помрачи, потемни, падна у фодуллук. Не салт што мислил да биде равен токмо с Бога, но сакал да разумее божество. Денница сакал да излезе на високо место на небеси, и станал дјавол и паднал најдоле под земли, длабоко в бездну. Великиј, голем и светлиј ангел учинил се и станал страшниј дјавол темниј. Пременил си онаја голема чест на вечна мука и изгубил божественних дарованиј светло истаканниј украшенија што го Бог бил украсил. А он останал гол, и како бил јак и тверд, на секо зло и от това се распалил повеќе у ненавист и душманл`к на Бога, сопира се Богу како богоборец и отступник.
Кога познал зашто не може да учини нешто сопротивно на Бога, тој обрнал оружие да чини војска сос човеци. Има еден ѕвер, свиреп и љут, име тому: барб, та многу ненавиди човеци и ако види човека трчи на него и сичка своја љутина излива докад да се насите. Така и дјавол што ненавиди добро не могл да учини некоја пакост на Бога, како видел человека одушевлен, сос душа, потрчал право на него и нападнал змиј јадовитиј како видел он Адама со слава и у почест увенчана у рај сладости и цар на сичко што е на земљата. Затова дјавол от завист се разранил и от ненавист, зашто е многу завистлив. Подговори и прелагал ги, склонил ги да не послушат Бога предеди наши. И тогива се зарадвал зашто ги видел испадени из рај. И кога чул зашто ги предал да умрат, како рекл им Бог – смертију ќе да умрете, – богоборец посрамисја што досади Богу. На човека отврнал, на Бога не могл да отврне, – каже свјатиј Василиј.
Ами како пак не видел он зашто скоро не умират Адам и Ева, како што ги гледал смертни, не хтел да почека ни минута, учинил та скору влезнала у свето смерт: напоил јадом зависти Каиново срдце и рацете му вооружил и научил да го убие брата своего Авеља. И фанала земљата да се оскверњава сос кров човечка. Видиш ли колку зла од едно зло? Видиш ли како дјавол се наситил на сичко големо зло ненеситное свое намерение? Видиш ли додека дошла завист, исполнила?
И тако все това отступление било војска на небеси, што смутил се блаженниј што имал между ангели мир, зашто паднала Денница у бездна и како змија сос опаш свој трета част умних ѕвезд, сиреч ангели. Зашто се разгорел у утробата землена неугасимиј огин вечнија муки. Еве това излегло од завист, зашто преступиле заповест божја Адам и Ева, и испадили ги от рај сладости. Терние и волчци осужден Адам сос пот да работи и да се труди да се храни, а Ева у жалости да ражда деца. Они били безсмертни, да не умират никога, а после станале да умират. Што ние бедни чеда нашли сме прадедините грехове, а и при това божија клетва и гнев, сè това изнела прокљата завист. Што брат неправедно, безчеловечно брата своего, што сос крв безгрешна он осквернил чистују земљу, што отворил страшнаја врата клетви, сос неја влезнало у човеците смерт, сè това донела завист богоборства началница. Она учи да се не слуша заповед божја, братоубиственна мајка, смерти ходатаица, корен на сичко зло. Завист не е друго што, салт на сердце печал, жалба от благоуспешности ближњаго произходјаштаја. Кому некому комшијата му прокопсува, а кој е завистлив, он завиди, оттамо излази завист.
_____________________
ненавист – омраза;
фодуллук – гордост, надменост
сиреч – т.е.