Акцентот во македонскиот јазик

Акцентот е нагласено, посилно, продолжено изговарање на еден слог во зборот.
Слогот врз кој паѓа акцентот се вика акцентиран слог.
  • Македонскиот акцент е динамичен и определен. Динамичен акцент значи дека се одликува со силата на издишната струја, а определен значи дека се наоѓа на точно определено место во зборот.
  • Местото на македонскиот акцент е на третиот слог од крајот на зборот кај трисложните и повеќесложните зборови.

.

            Правила за акцентирање
.
Акцентот се бележи со знакот ( ‘ ) пред самогласката врз која паѓа акцентот во зборот: м’ајка, уч’илиште, лет’уваат, нос’ете ја, кој г’о виɡе?           

1. Кај едносложните зборови акцентот се наоѓа на единствениот слог.

На пример: с’он, д’ом, б’ол, в’ол.
.
2. Кај двосложните зборови акцентот стои на почетниот слог од зборот, односно на вториот слог од крајот на зборот.
На пример: с’ело, с’олза, д’ома, б’олва.
.
3. Кај трисложните и повеќесложните зборови акцентот стои на третиот слог од крајот на зборот.
На пример: слатк’арница, менув’ачница, зб’орови.
.
4. Ако зборот се зголемува со додавање на претставки и наставки, акцентот се поместува за да застане секогаш на третиот слог од крајот на зборот.
На пример: гр’ад – гр’ади – ‘изградба – изгр’адбата.

a) Kај морфолошки сложените зборови акцентирањето е како кај трисложните и повеќесложните зборови: пол’увреме, едно’образен, остр’оумен, знам’еносец, оч’евидец.

.

Отстапки од правилото
.
Освен овие правила за акцентирање имаме и определени отстапки.
Отстапките ги има кај глаголскиот прилог, кај некои зборови од туѓо потекло, кај прилошки употребени членувани именки и други.
Повеќе за отспаување од третосложното акцентирање може да прочитате ТУКА.
Карактеристични за македонскиот јазик се и акцентските целости.
Scroll to Top