Две точки (:) се интерпункциски и правописен знак.
Како интерпункциски знак
Како интерпункциски знак, две точки се употребуваат:
- пред набројување (зборови, зборовни состави, реченици или делови од текстот);
На пример: Денес по распоред имаме: англиски, математика, хемија, историја, македонски и биологија.
- по зборовите или изразите: како, на пример, и тоа, имено, следново, овие и сл. со кои се воведува набројувачка низа;
На пример: Напишете антоними за следниве зборови: ден, горе, молчи, пред.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
- при набројување во вертикална низа, кога тие се пишуваат една под друга;
На пример:
Да не заборавам:
– да одам во Пошта,
– да поминам на пазар,
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
– да го викнам мајсторот.
Сопствените именки се пишуваат:
а) со мала буква
б) со голема буква
в) со мала и со голема буква
Заокружете го точниот одговор:
- Зборот ПО е предлог.
- Зборот ПО е прилог.
- Зборот ПО е сврзник.
- кога се воведува содржина која ќе дообјасни дел од реченицата што смисловно е целосна и без делот по двете точки;
На пример: Треба да се внесат лични податоци: име, презиме и матичен број.
- пред директен говор или цитат што се воведува со зборовите: рече, праша, вели, пишува, повторува, потсетува;
Две точки не се пишуваат:
- при набројување кога членовите на набројувачката низа прават интонациска и ритмичка целина со претходниот дел на реченицата;
На пример: За гостите секогаш приготвуваше и салати, и месо, и кифлички и нешто благо.
- при набројување во вертикална низа ако набројувањето следува по наслов: Содржина, Користена литература, Библиографија и сл.
СОДРЖИНА
Предговор
Употреба на голема буква
итн.
- може да се изостават при пренесување директен говор или цитат ако нема воведувачки зборови (рече, праша, вели, пишува, повторува, потсетува) или ако се пренесува само збор или зборовен состав;
На пример: Ми се допадна неговото „не се мешам во туѓи работи“.
Како правописен знак
Како правописен знак, две точки се пишуваат:
- за одвојување на часот од минутите и минутите од секундите. Зад двете точки не се остава белина.
На пример: Работно време од 7:00 до 19:30.
- за резултат изразен во бројки (во спортот) и сооднос меѓу величини. Во овој случај се остава белина (празно место) меѓу бројките и двете точки.
На пример: Натпреварот заврши 3 : 2 за „Вардар“.
Соодносот е 1 : 3, на една шоља ориз, три шољи вода.
(Овде двете точки се читаат како спрема или на, или воопшто не се читаат.)
- за означување опозиција или сооднос;
На пример: црно : бело.
- во математиката, изразот „поделено со“ се означува со две точки;
На пример: 65 : 5, 26 : 3.