Почетна » македонски јазик » правопис » Делење на зборот на крајот од редот

Делење на зборот на крајот од редот

 Делење на зборот на крајот од редот се случува кога нема доволно простор во редот, па зборот го пренесуваме во другиот ред.

Зборот го пренесуваме во нов ред онаму каде што завршува слогот. Делењето се бележи со цртичка (-) во истиот ред, а во новиот ред го пишуваме само останатиот дел од зборот.

Слоговите можат да бидат отворени и затворени.
а) Отворени се оние слогови што завршуваат на самогласка.
На пример: ра-ка
Затворени се оние што започнуваат и завршуваат со согласка.
На пример: вер-ник.
Зборот го делиме онаму каде што завршува слогот.
1. Кога ќе се најдат две самогласки една до друга, тие се разделуваат.
На пример: бур-жо-а-зи-ја, пе-ат, збо-ру-ва-ат
а) но не ако едната самогласка останува сама на почетокот или крајот на зборот.
На пример: ули-ца; ос-та-наа.
2. По правило, еден глас не се пренесува во нов ред ниту останува сам во првиот ред.
3. Кога ќе се најдат две согласки една до друга, тие се разделуваат.
На пример: кос-ка, пот-тик-ну-ва, тет-рат-ка.
4. Наставките: -ски, -ство и -ствен, се пренесуваат целосно во новиот ред, без разлика дали слогот завршува на самогласка или согласка.
На пример: тргов-ски, чув-ство, производ-ствен, парти-ски, опште-ство, величе-ствен.
5. Наставките: -штво, -шки, -чки, може да се пренесат целосно, но може и да се поделат.
На пример: чове-штво, човеш-тво, ма-шки, маш-ки, работни-чки, работнич-ки.
6. Претставките во зборовите не се разделуваат во друг ред.
На пример: прет-поставка, пре-раскаже.
7. Сложените зборови се пренесуваат според составните делови: три-аголник, вино-жито.
8. При пренесувањето на полусложените зборови знакот (-) се става на крајот од редот и во почетокот на следниот ред.
На пример:
битово-социјален
битово-
-социјален;
охридско-преспански
охридско-
-преспански.
Scroll to Top