Наводници („ “) се интерпункциски знак. (Тие не се употребуваат како правописен знак.)
Влезните наводници се пишуваат долу („) на почетокот, а излезните наводници се пишуваат горе (“) на крајот од исказот.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Наводници се пишуваат:
- во цитати, нечии искази што се претставуваат директно, онака како што се кажани или напишани;
- во искази што ги преземаме од друг, а ги кажуваме како сопствен исказ;
На пример: Со мислата „колку сме, толку сме, токму сме“ јасно е прикажана моменталната ситуација кај нас.
- пред излезните наводници се пишува друг интерпункциски знак (точка, прашалник, извичник, три точки) во зависност од природата на исказот;
На пример: Професорот извика: „Излегувајте надвор!“, и почна да ги турка учениците кон вратата.
- се пишуваат и зборовите употребени со преносно значење, во спротивна смисла, во иронија;
- се изделуваат зборови што сакаме да ги нагласиме или изделиме;
На пример: Негацијата „не“ се пишува одвоено од глаголите.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
-
се пишуваат наслови на книги, песни, раскази, весници, списанија; имиња на установи, претпријатија итн.
Не се пишуваат наводници
- општопознати изрази и пословици употребени во текст;
На пример: Рани куче да те лае, се вели во народната мудрост.
- при именувања на книги, наслови, весници и сл. кога се напишани на корицата, на плакати или на наслованата страница како титулар;
На пример:
За матуранти
македонски јазик и литература
Билјана Богданоска
- кога ќе ги означиме на друг начин, со закосени, здебелени или подвлечени букви, насловите, и сите останати работи што ги ставаме во наводници.
На пример: При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти, многу ми помогна.
При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти, многу ми помогна.
При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти, многу ми помогна.