Отстапување од третосложното акцентирање имаме во домашни зборови и во зборови со туѓо потекло.
Правилата за акцентирање во македонскиот јазик може да ги прочитате ТУКА.
Отстапување од правилата за акцентирање кај домашните и туѓите прилагодени зборови има кај:
- Глаголскиот прилог: вик’ајќи, бид’ејќи, организир’ајќи, пишув’ајќи, раскажув’ајќи, сак’ајќи.
- Прилозите за време: годин’ава, зим’ава, лет’ово.
- Одделните прилози за степен (деминутивни образувања со засилена емоционалност): малк’уцка (и м’алкуцка), олк’уцка, толк’уцка (и т’олкуцка), трош’ичка.
- Некои именки од турско потекло: апс’ана, барут’ана, тарап’ана.
- Сложени зборови од типот: југоз’апад, југо’исток, североз’апад, северо’исток; (но: југоз’ападен, југо’источен, североз’ападен, северо’источен).
- Сложенките со прв елемент полу- и двосложни зборови. Кај овие зборови акцентот најчесто паѓа на вториот слог од крајот на зборот: полул’ево, полу’остров, полуп’ијан, полуп’исмен, полус’енка, полус’естра, полут’емен, полут’опка, но пол’увреме. Ако, пак, по првиот елемент полу- следува едносложен збор, акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот: п’олубог, п’олубрат, п’олуглас, п’олужив, п’олукруг, п’олусвет.
- Сложените придавки: црвенобр’ад, црвенок’ож, црвенок’ос (но: с’ивокос, с’ивоок, с’иноок, ц’рнобрад, ц’рнокож, ц’рнокос, ц’рноок); светлож’олт; темноз’елен, темноц’рвен (но: т’емножолт, т’емносин); црвено-ц’рн; сино-з’елен, сино-ц’рвен (но: с’ино-бел, ц’рно-бел).
- Сложените зборови кај кои секој составен дел го чува својот акцент: амер’иканско-мак’едонски, ‘англиско-мак’едонски, в’оспитно-обр’азовен, к’ултурно-пр’осветен, л’ека-п’олека, ‘одвреме-н’авреме, ‘увозно-‘извозен.
- Личните имиња, презимињата и имињата на места:
а) Некои сложени имиња имаат акцент на првиот слог од двете компонени: Бр’анисл’ава, М’иросл’ава, Ст’анисл’ава.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
б) Некои лични имиња и презимиња (по потекло од други јазици, но вообичаени во македонската средина) имаат акцент на вториот слог од крајот на зборот: Абдул’аќим, Афрод’ита, Габри’ела, Диј’ана, Ире’на, Исид’ора, Јулиј’ана, Адриј’ана, Кали’опи, Красим’ира, Линд’ита, Мер’ита, Сан’ела, Славом’ира, Те’ута, Теод’ора, Ад’еми, Бес’ими, Зек’оли, Јаш’ари, Пољ’оска, Рамад’ани, Стар’ова.
в) Некои македонски презимињa, кои имаат акцент врз вториот слог од крајот на зборот, образувани со следниве суфикси:
- -ев(-а)/-ов(-а): Аксент’иев, Алекс’андров, Дрвош’анов, Магл’ешев. Кај некои презимиња образувани со овој суфикс, акцентот може да паѓа и на вториот и на третиот слог од крајот. Сп.: ‘Адамчев и Ад’амчев, ‘Алексов и Ал’ексов, Гл’игоров и Глиг’оров, ‘Иванов и Ив’анов.
- -ски(-а)/-цки(-а)/-чки(-а)/-шки(-а) кои доаѓаат директно на основата, односно без проширување со -ев-/-ов-. Сп.: Ажд’ерски/Ажд’ерска, Ајд’арски/Ајд’арска, Џамб’аски/Џамб’аска; Карав’ецки/Карав’ецки, Пат’ацки/Пат’ацка, Тро’ицки/Тро’ицка; Ал’ачки/Ал’ачка, Парм’ачки/ Парм’ачка, Ра’ички/Ра’ичка; Коч’ишки/Коч’ишка, Мрен’ошки/Мрен’ошка.
г) Некои странски лични имиња и презимиња кои имаат акцент:
- На првиот слог од крајот на зборот: Андр’е Вај’ан, Верл’ен (Пол), Диоклециј’ан, Дон Жу’ан, Наполе’он, Одис’еј (но: Одис’еев), Октавиј’ан, Паст’ер, Промет’еј, Сен-Сим’он, Фердин’анд де Сос’ир.
- На вториот слог од крајот на зборот: Алиги’ери, Артем’ида, Верг’илиј, Вас’илиј, Досто’евски, Макијав’ели, Нострад’амус, Тутатанк’амон, Џуз’епе.
д) Некои македонски топоними: Добр’ејци, Прд’ејци, Рад’ожда, Трп’ејца.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
ѓ) Некои географски имиња (планини, планински масиви, островски архипелази) имаат акцент на вториот слог од крајот на зборот: Апен’ини(те), Ард’ени(те), Кар’иби(те), Карп’ати(те), Пирин’еи(те), Хав’аи(те).
е) Некои имиња на држави, региони, градови и нивни жители кои имаат акцент на:
- Првиот слог од крајот на зборот: Азербејџ’ан (Азербејџ’анец, Азербејџ’анка), Таџикист’ан (Таџикист’анец, Таџикист’анка), Борд’о (бордо’анец, бордо’анка), Диж’он (диж’онец, диж’онка), Стразб’ур (стр’азбурец, стр’азбурка).
- На вториот слог од крајот на зборот: Аргент’ина, Гвин’еја, Грен’ада, Екв’адор, Мал’аја, Мар’око, Најр’оби, Бол’оња, Ел’ада, Сан Ди’его, Сан Франц’иско, Хирош’има.
За темата АКЦЕНТ прочитај ги следните написи:
- Акцентот во македонскиот јазик
- Отстапување од третосложното акцентирање
- Акцентот кај зборовите од туѓо потекло
- Акцентски целости
- Акцент (матура) – кратко повторување на темата