Постојат три типа на гласот Ј според неговиот карактер:
- функционално (фонолошко) — кога влијае на значењето на зборот: земи — земји; сто — стој;
- нефункционално (фонетско) — испеаја, знаеја;
- морфолошко — за обележување на границата меѓу основата на зборот и наставката: залајаа.
Согласката Ј се пишува
1. Ј се пишува пред И:
- во суфиксот – ји: божји, кравји, рибји (но: овчи и волчи);
- во множинските форми кај некои именки: бамји, земји, ламји, сабји, чапји, чкрапји.
2. Се пишува пред Е:
- во почетокот на зборови со туѓо потекло: Јемен, језуит, јереј, јеромонах;
- зад согласка во суфиксот -је: затишје, здравје, копје;
- во наставката за збирна множина: билја, колје, нивје.
3. Се пишува пред А:
- меѓу И и А: змија, кријам, материја, пијам, пијач, историја, Марија, Македонија;
- меѓу О и А: боја, бројам, кројач, моја, никоја, Бојан, Стојан;
- меѓу У и А: блујам, обујам, трујат. чујат;
- меѓу Е и А во заемките: алеја, алинеја, епопеја, идеја, ономатопеја, турнеја; во туѓи имиња: Гвинеја, Јудеја;
- во именки што завршуваат на -ач/-јач, ачка/-јачка: грејач, жнејачка, пејач, пејачка, сејач, живејачка; бајач, лајач, ткајачка;
- меѓу две А: ваја, маја, одаја, Трајан;
- во минато определено свршено време: залаја, истраја, се покаја, потраја;
- во л-форма: залајал, истрајал, се покајал, потрајал.
4. Меѓу И и О во вокативните форми кај именките на -ија: змијо, Маријо, Македонијо; и во сложенките како: змијоглав.
5. Во множинската форма на именките: змеј, кеј, шеј — змејови, кејови, шејови.
.
Согласката Ј не се пишува
- во почетокот на зборот: елен, есен, ерес, еретик;
- меѓу АЕ: краеви, чаеви,;
- меѓу ОЕ: мое, некое, никое, свое, секое, твое;
- меѓу ИЕ: вие, досие, нечие, ние, ничие, овие, тие, сечие, чие;
- меѓу УЕ: блуе, дуе, чуе;
- меѓу ЕЕ: вее, жнее, сее;
- во формата за 3 л. едн. сегашно време од СУМ: е;
- пред наставката -ец кај именските образувања изведени од имиња што завршуваат на -ија/-еја: Индиец, Кениец, Кореец; но: Индијка, Кенијка, Корејка;
- во формата за машки род кај придавките од типот: значаен, идеен, краен, очаен, покоен, семеен, стихиен (другите форми се: значајна, -о, -и; идејна, -о, -и).
.
4. Во самогласните групи, каде втората е А:
- береа, веам, владеат, греам, греалка, делеа, дефилеа, живеам, жнеам, завеан, зреам, леа, леат, неа, носеа, резимеа, сеалка, сеат, сечеа, смеа, стреа;
- во формите за сегашно време чија основа завршува на -а: баам, каам, лаам, лаат, познаам;
- во заменските форми: оваа, онаа, таа.
.
5. Меѓу самогласките И и О: биологија, емоционален, конвенционален, регионален, свиок.
.
6. Во самогласните групи каде втора е У: виулица, калиум, триумф.
.
7. Кај придавки што завршуваат со -ски, а изведени од именки на -ија: азиски, арамиски, змиски, историски.
.
8. Меѓу самогласки на составот од две компоненти во сложени зборови: антиамерикански, иако, триаголник.
[av_one_half first av_uid=’av-mqzwr’]еднина
[av_one_half av_uid=’av-hk857′]множина
На следните врски прочитајте повеќе за:
[av_postslider link=’category,358′ columns=’5′ items=’9′ offset=’0′ contents=’excerpt’ preview_mode=’auto’ image_size=’portfolio’ autoplay=’no’ interval=’5′ av_uid=’av-6pjbv’]