Развојот на македонскиот гласовен систем се одвивал многу постепено.
Македонскиот гласовен систем во минатото бил многу посложен од денешниот. Со текот на времето бројот на гласовите се намалувал.

Самогласки

 

Стариот јазик (прасловенскиот, старословенскиот) имал единаесет самогласки кои се разликувале според:
1. местото на образување (предни и задни);
2. висината на изговор (пет степени – од најниски до највисоки);
3. должината на изговор (редуцирани: еровите, кратки и долги).
Преден и заден ред
i (и-ј)    y (и)     u (у)
ь (`)                   ъ (`)
e (е)                  o (о)
ę (ен)                ọ (он)
ä (широко е)     a (а)
Во стариот јазик сите слогови биле отворени, односно завршувале на самогласка.
Упростувањето на вокалниот систем било постепено и се одвивало во неколку фази:
Првата фаза на развојот на гласовниот систем се однесува на периодот од 10 и 11 век кога прво се губат редуцираните вокали на крајот од зборот (во слаба позиција) и нивна замена во средината на зборот како носители на слог (во силна позиција).
Речиси на целата македонска јазична територија карактеристична е замената на големиот ер (ъ) со о, а на малиот ер (ь) со е (сон, ден).
Втората фаза на развојот на гласовниот систем се однесува на периодот  12 – 13 век и се поврзува со губење на носниот изговор на самогласките (ен, он) и преминување во а, или ја. Во овој период и изговорот на средното и се совпаѓа со предното и.
Третата фаза на развојот на гласовниот систем се однесува на периодот 15-16 век се означува со губење на широкиот изговор на јатот (ја – е).
Како резултат на промените, во современиот јазик имаме 5 самогласки.

Самогласките се делат на:

предни                      средни                      задни

високи ………….     И    …………………………………………..          У

средни ………….     Е     ………………………………………….          О

ниски   ………………………………………. А

                         н е з а о к р у ж е н и                            заокружени

Согласки

 

Кај согласките се разликувале две важни опозиции: по звучност и по мекост. Развитокот во македонскиот јазик одел по линијата на зацврстување на односот по звучност (па денес имаме парови на звучни и безвучни), и целосно губење на односот по мекост. Во македонскиот јазик се загубиле меките согласки.