Точка (.)

Точка се користи како интерпункциски и како правописен знак.

Интерпункциски се пишува:

  • на крајот од расказните реченици, (На пример: Денес ќе ручаме подоцна.)  и
  • на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед (На пример:    Јади убаво, те молам.).

Правописно се пишува:

  • кај скратениците;
       На пример: и сл., и др., итн., г. (но, не кај сите! Види: Скратеници и скратување на зборовите.)
  • кога набројуваме зад редните броеви ако се напишани со арапски цифри;
            На пример: 1. ——– ;
                                    2. ———;
                                    3. ———.
  • кај датумите исто така, ако се напишани со арапски цифри се пишува, а ако се напишани со римски цифри не се пишува точка;
            На пример: 12. 2. 2018 г.
                                    12. II 2018 г.
Не се пишува во следните случаи:
  • по скратувања на зборови што завршуваат со точка како правописен знак;

На пример: Најголем успех нашето училиште имаше 2009 год.

  • по други интерпункциски знаци на крајот од реченицата (извичник, прашалник, три точки);

На пример: Каде беше до сега? Влези внатре!

 

Scroll to Top