Почетна » македонски јазик » Активна и пасивна реченица

Активна и пасивна реченица

Активна или пасивна реченица е предмет на изучување на синтаксата.
Граматичката категорија залог, пак, е предмет на изучување на морфосинтаксата.
.
Во двата случаја се работи за односот на граматичкиот подмет или предмет во однос на дејството.
Ако подметот е вршител на дејството тогаш реченицата е активна.
Ако подметот станал трпител на дејството (предмет), тогаш реченицата е пасивна.
.
Активна реченица
.
На пример:
Нашето училиште ја освои првата награда. 
Подметот во оваа реченица е нашето училиште (КОЈ ја освои првата награда?).
Предмет во оваа реченица е првата награда (ШТО освои нашето училиште?).
Истата мисла може да ја искажеме и на поинаков начин, менувајќи ги местата на граматичкиот подмет и предмет.
.
Пасивна реченица
.
На пример:
Првата награда беше освоена од нашето училиште.

Во оваа реченица граматичкиот подмет и предмет ги смениле местата.

Трпителот на дејството, предметот (првата награда) станал граматички подмет (КОЈ беше освоен?).

Вршителот, пак, станал граматички предмет (ОД КОГО беше освоена наградата?) – од нашето училиште.

 
Scroll to Top