Видови есеи

[av_button label=’Прочитај повеќе за есејот и структурата на есејот’ link=’manually,https://makedonskijazik.mk/2010/12/blog-post_22-2.html’ link_target=’_blank’ size=’small’ position=’right’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-22045′]

Постојат различни видови есеи:
  • компаративни есеи – каде се споредуваат две нешта  (со нивните сличности и разлики);
  • критички есеи – може да биде позитивен или негативен;
  • дедуктивен – каде прво се дава претпоставката, па доказот и на крајот заклучокот;
  • дефинирачки – каде се претставува терминот што ќе се дефинира, се даваат основни информации за него, и на крајот се даваат примери или експерименти;
  • истражувачки – овој есеј се започнува без да се знае завршетокот, служи повеќе за да се научи отколку за да се каже што се знае;
  • објаснувачки – се презентира и прифаќа туѓото мислење и став;
  • неформален – слободен, кој не служи за официјална употреба и во него се дадени послободни ставови и е напишан со разговорен јазик, во слободен стил;
  • персонален (личен) – ова е најчесто мотивирачко писмо кое служи за вработување, каде се претставуваме себеси, нашите квалитети, знаења, познавања, интереси, но каде треба да напишеме и такви нешта со кои ќе се издвоиме од останатите и што ќе предизвикаат интерес кај работодавецот, односно ќе го мотивираме да нè вработи нас, а не некој друг;
  • раскажувачки – слободен состав на некоја тема, во кој раскажуваме некоја случка, опишуваме луѓе од нашата околина, итн.;
  • литературен – во кој даваме осврт на некое литературно дело: роман, расказ, песна итн. Овој есеј најмногу се користи во наставата по македонски јазик и литература, за писмени работи, лектири, осврти кон песни и сл.

 

[av_button label=’Прочитај повеќе за литературниот есеј’ link=’manually,https://makedonskijazik.mk/2010/12/blog-post_24.html’ link_target=’_blank’ size=’small’ position=’right’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-1an8l’]

[av_button label=’Пример за пишување писмена работа’ link=’manually,https://makedonskijazik.mk/2011/03/blog-post_05.html’ link_target=’_blank’ size=’small’ position=’left’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ color=’theme-color’ custom_bg=’#444444′ custom_font=’#ffffff’ av_uid=’av-s8cp’]

 
 
Scroll to Top