Подмет е втор главен реченичен член.
Основен член на реченицата е прирокот. Тој секогаш оди со подметот, односно во секоја проста реченица освен прирок има и подмет.
Подметот го означува вршителот на дејството. Тој не мора да биде изразен во реченицата, туку може да го откриеме во формата на глаголот или од контекстот.
На пример:
Пишувам домашна.
Со формата на глаголот, кој е во прво лице еднина сегашно време, изразено преку наставката -м, откриваме дека подметот е ЈАС.
Најлесно подметот го откриваме со прашањето: КОЈ?
Со подметот може да изразиме:
- вршител на дејство
На пример: Марија чита.
- предизвикувач на дејството
На пример: Бомбата ја разурна куќата.
- носител на психофизичка особина
На пример: Марија почувствува страв.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
- носител на особина
На пример: Марија е убава.
- место на вршење на дејството
На пример: Куќата се сруши.
Во функција на подмет се јавуваат:
- именките (или цела именска група);
На пример: Марија донесе торта. Славеничката Марија донесе торта.
- заменките;
На пример: Таа донесе торта.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
- придавките;
На пример: Славеничката донесе торта.
- броевите (најчесто со заменки или именки);
На пример: Двајцата си отидоа пред мене.
- безличната да-конструкцијата;
На пример: Да се работи не е тешко.
- односната зависна реченица
На пример: Кој работи не му е тешко.