Почетна » македонски јазик » Прашања и вежби синтакса 1 (подмет и прирок)

Прашања и вежби синтакса 1 (подмет и прирок)

[av_heading heading=’Прашања’ tag=’h3′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-no5r’][/av_heading]

 

  1. Што е синтакса?
  2. Која е основна синтаксичка единица?
  3. Кои се другите синтаксички единици?
  4. Што е реченица?
  5. Кои се карактеристиките на реченицата?
  6. Што е именска група?
  7. Што е сложена реченица?
  8. Што е врзан текст?
  9. Кои се главни реченични членови?
  10. Кои се неопходни реченични членови?
  11. Кои се второстепени реченични членови?
  12. Што е прирок?
  13. Какви видови прироци има?
  14. Што е прост глаголски прирок?
  15. Што е сложен глаголски прирок?
  16. Што е глаголско-именски прирок?
  17. Што е подмет?
  18. Во следните реченици пронајди ги подметот и прирокот (за прирокот да се наведе и каков е):
    • Докторот се заинтересира за темата.
    • Можеш да замолиш некого!
    • Се насмеа.
    • Престана да врне по деветте.
    • Тревогата беше лажна.
    • Мозокот ми е здрвен како стап.
    • Човековата неблагодарност нема граници.
    • Погребната поворка не може да мине покрај полициската станица.
    • Обиди се да не мрдаш!
    • Адвокатот стана да ја избрка.
    • Мојата куќа е под хипотека.
Одговори:
1.      Синтакса е дел од науката за јазикот која се занимава со јазично точниот редослед на зборовите во реченицата.
2.      Основна синтаксичка единица е реченицата.
3.      Помала од реченицата е именската група, а поголеми се сложената реченица и врзаниот текст.
4.      Реченица е основна синтаксичка единица која е конструирана според јазичните правила (јазичната шема) и која содржи еден прирок.
5.      Реченицата има своја содржина; своја интонација со што се изделува од другите делови од текстот; своја точно определена граматичка структура; своја модалност со која се искажува ставот на говорителот и таа претставува дел од текстот.
6.      Именска група е неприрошка синтаксичка единица чиј централен дел е именката или некој друг именски збор. Таа е помала од реченицата и е нејзин дел.
7.      Сложена реченица е поголема синтаксичка единица од реченицата која содржи најмалку два прирока.
8.      Врзан текст е најголема синтаксичка единица која содржи повеќе реченици смисловно поврзани во целина.
9.      Подмет и прирок.
10.  Предмет (директен, индиректен, предлошки) и прилошките определби.
11.  Атрибут и апозиција.
12.  Прирокот е основен дел на реченицата (без прирок нема реченица).
13.  Има глаголски и глаголско-именски прирок.
14.  Прост глаголски прирок е оној кој содржи само глагол во лична форма.
15.  Сложен глаголски прирок е оној кој содржи два глагола од кои вториот се јавува во да-конструкција, а првиот е воведувачки.
16.  Глаголско-именски прирок е оној што содржи глагол врска (сум, биде, стане) и именски дел (придавка, именка, заменка, број).
17.  Подмет е вториот главен реченичен член кој го означува вршителот (предизвикувачот) на дејството. Секогаш се согласува со прирокот, па затоа не мора да биде изразен (може да е изоставен), но го откриваме во формата на прирокот.
18.   
         Докторот (подмет) се заинтересира (прирок – глаголски) за темата.
         Можеш да замолиш (прирок – сложен глаголски) некого! (подмет изоставен – ти)
         Се насмеа. (прост глаголски прирок; подмет – тој)
         Престана да врне (сложен глаголски прирок) по деветте. (нема подмет – безлична реченица; нема одговор на прашањето:кој?)
         Тревогата (подмет) беше лажна. (прост глаголско-именски)
         Мозокот (подмет) ми е здрвен (прост глаголско-именски) како стап.
         Човековата неблагодарност (подмет) нема граници. (глаголско-именски прирок)
         Погребната поворка (подмет) не може да мине (сложен глаголски прирок) покрај полициската станица.
         Обиди се да не мрдаш! (сложен глаголски прирок; подметот е изоставен – ти)
         Адвокатот (подмет) стана да ја избрка. (сложен глаголски прирок)
         Мојата куќа (подмет) е под хипотека. (глаголски – овде „е“ има значење на „се наоѓа“ и не е во функција на помошен глагол).
Scroll to Top