Почетна » македонски јазик » Реченични еквиваленти (соодветници)

Реченични еквиваленти (соодветници)

Реченични еквиваленти означуваат синтаксички единици соодветни на речениците.

Реченицата ја дефинираме како основна синтаксичка единица која мора да има прирок, односно глагол во лична форма.
Но, во текстовите среќаваме и такви делови кои стојат самостојно, а не содржат глагол во лична форма. Тогаш станува збор за реченични еквиваленти (соодветници).
Вакви еквиваленти или соодветници на речениците се среќаваат во случаите:
  • кога се употребуваат именки или именски групи за непосредно обраќање;

На пример:

Почитуван претседателе!

Ученици!

Дами и господа!

  • кога се употребуваат извици;

На пример:

Еј! Оф! Ало!

  • кога се употребени именки или прилози со извична интонација;

На пример:

Напред! Помош!

  • при поздрави и здравици;

На пример:

На здравје! Добра вечер! Пријатно!

  • во натписи, соопштенија, предупредувања и друго.

На пример:

Фискултурна сала.

Опасност.  

Scroll to Top