По Балканските војни и поделбата на Македонија, во недостаток на своја држава и свој литературен јазик многу Македонци пишувале на јазикот чии државјани биле, а најчесто на српски или бугарски. Па и оние кои пишувале на македонски, на својот дијалект, дел од творбите ги напишале на туѓ јазик. На пример, Војдан Чернодрински, покрај драмите на македонски пишувал и на бугарски; Кочо Рацин „Резултат“, „Синови на гладот“, „Антологија на болката“, „Огномет“, „Во каменоломот“ и повеќе критичко-есеистички трудови напишал на српски јазик; Ацо Караманов покрај на македонски пишувал на српски и бугарски, како и Венко Марковски.
Голема е бројката на оние кои воопшто не пишувале на македонски (или многу малку), туку на тогаш официјалниот јазик, па станале дел од културната историја на нашите соседи или друга држава.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Македонци кои пишувале на бугарски јазик
Асен Шурдов – Ведров, Антон Великов – Беломорски, заедно со Антон Попов (антифашист,поет, есеист – „Бура над родината“, „Чудна е Македонија“), Никола Ј. Вапцаров, Михаил Сматракалев, припаѓаат на групата основоположници на Македонскиот литературен кружок.
Македонци кои пишувале на српски јазик
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Голема е бројката и на Македонците кои во овој период пишувале на српски јазик: Томо Смиљаниќ – Брадина, (Тресонче, Мала Река, доктор на науки, автор на повеќе збирки раскази, поеми и драмата „Македонски печалбари“), Богдан Сираков (Велес, автор на драми, но малку напишал на македонски јазик), Кире Димов (Велес, на македонски јазик ја напишал „Баладата за заборавените“), Јован Сербаковски (Вевчани, неколку свои песни напишал на македонски јазик), Воислав Илиќ (с. Баниште, Дебарско, поет и раскажувач, доктор на филолошки науки, литературен критичар и историчар, со повеќе дела на македонски јазик; со монографија за Војдан Чернодрински), Коста Абраш (Абрашевиќ, роден во Охрид, пишувал револуционерна поезија, песната „Црвена“), Ангелко Крстиќ (с. Лабуништа, Струшко, романот „Трајан“) и други.
Македонци кои пишувале на други јазици
На албански јазик пишува Стерјо Спасе (1914 – 1989), еден од најплодните албански писатели, автор на десетина романи: „Зошто“, „Тие не беа сами“, „Будење“, „Покрај езерото“, „Востаници“; и неговиот син Илинден Спасе, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Поезија на француски јазик пишувал револуционерот Ганчо Хаџи Панзов, од Велес, кој загинал во Шпанската граѓанска војна (со повеќе песни и една поема „Ќе се вратам“). И, на англиски јазик пишувал Стојан Христов, американски писател, сенатор, член на МАНУ, автор на многу фељтони, статии и романите: „Херои и убијци“, „Мара“, „Ова е мојата татковина“, „Лавот од Јанина“, „Мојот американски аџилак“, „Орелот и штркот“. Му бил омилен писател на американскиот претседател Франклин Рузвелт.
Напишано од Билјана Богданоска
Користена литература:
„Литература за втора година“ од Георги Сталев
„Македонски јазик и литература“ (презентации) од Трајан Божинов