Мите (Димитар) Богоевски (1919 – 1941)
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Мите Богоевски е роден во с. Болно, во печалбарско семејство. Основно образование завршил во родното село и во Ресен, а во Битола завршил Трговска гимназија. 1939 година се запишал на Економскиот факултет во Белград, но поради финансиски причини го напуштил и се вратил во родното место. Уште на млади години се вклучил во прогресивните движења, а неговата политичка активност била следена од полицијата и затоа е прогонуван, апсен и затворан во Битола и во Белград. По враќањето од Белград станал член на Комунистичката партија на Југославија. Во 1942 година бил уапсен од бугарската полиција и сурово измачуван, но ослободен. На 12 септември 1942 година заедно со Стив Наумов, во неговото родно село бил опколен од бугарската окупаторска војска и полиција, а тие за да не паднат во нивни раце извршуваат самоубиство. По ослободувањето се прогласени за народени херои.
Поетско творештво
Мите Богоевски почнал да пишува уште како средношколец, но тие творби не се зачувани. За тој период неговите истражувачи дознаваат дека станува збор за многу талентиран ученик. Всушност од него имаме само неколку стихотворби, и тоа: „Спроти Илинден“ (1938), „Стојанка млада партизанка“, „Разделвачка“ (објавена во весникот „Наша реч“ во 1940 година) и „Триесет и девет минаја“.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Песната „Спроти Илинден“ е една од најубавите во македонската литература напишана на оваа тема. Во слободен стих, на почетокот од песната поетот дава слика на гумното, на селскиот амбиент во кој селаните макотрпно работат – за да го „соберат“ лебот.
Но, наближува најсветиот македонски празник – Илинден, кога и најсиромашните мора да оддадат почит и да се одморат и празнуваат. Така, се навраќа на минатото, на самото востание кога македонскиот роб се кранал против султанот, кога сѐ било оган и крв – и повикува: „Умрете за да живеете“ – зашто без борба и без жртви не може да се извојува слободата.
На крајот, повторно нѐ враќа во истиот селски амбиент со гумното, но овојпат го поврзува револуционерното минато со сегашноста, со новата револуција која мора да се крене против тираните.
удрејте ги тираните.
Во духот на Народноослободителната борба е испеана неговата песна „Стојанка млада партизанка“. Во неа, со елементи од народното творештво – дијалогот меѓу Стојанка и гората, е претставена храброста на младите луѓе и нивната пожртвуваност за слободата. Дури и девојките, како Стојанка се вклучувале во борбата одменувајќи ги браќата по нивната смрт. Без солзи, без жал, таа ја нарамува пушката и заедно со другите борци тргнува во борба за Македонија и за нејзината слобода.
Стојанка млада партизанка
Последниот час веќе наближил,
се кинат, дробат темни облаци,
зора се зори, сонце изгрева,
в чета се берат одбор јунаци.
Селата пиштат, јачат горите:
„Ој, судбо, судбо клета проклета
што не раздели од најмилите.“
Само Стојанка брата не жали,
не рони солзи проклетна,
не колне судба, судба страдна;
облече срма руба комитска,
нарами пушка, сабја запаша.
Тргна Стојанка брата да втаса
и неговата дружина.
„Горо ле горо, горо зелена,
шумо бујата, криеш ли брата
со храбра чета, верна дружина,
со црвен барјак в борба прославен?“
„Стојано, Стојанке, млада партизнке,
на мила брата лика прилика,
мила ти брата добро познавал.
Кога се борба силна водеше
со проклет душман, клети фашисти,
тој падна Стојне, падна јуначки
и славно знаме тој не усрами…“
Не плаче Стојанка, лице не грди.
Срцето и е машко, јуначко;
Извика песна на глас комитска,
гора ја слуша, лисја треперат:
„Ако во борба брате загина,
предвреме ако младост изгуби,
лесна да ти е, брате земјата;
ти имаш сестра да те замени:
нема да фрлам руба јуначка,
нема да оставам пушка убојна
Македонија дури е робиња,
дури ја грабат клети душмани.“
Последната песна од Мите Богоевски „Триесет и девет минаја“ е посветена повторно на Илинден, на времето минато од востанието до новите борби, на времето во ропства и надежи, на времето непроменето. Но надежта доаѓа со новите борци, со партизаните, кои во слободното Смилево за првпат успеваат да си го прослават својот национален празник.
Ацо Филип, за случувањата пред создавањето на песната „ Триесет и девет минаја“ пишува:
„Наближуваше Илинден. Еден Илинден, со двајца славеници. Вистинскиот – македонскиот, и фалсификуваниот – бугарскиот. За жал, Македонците, вистинските славеници не можеа и не смееја да го прослават својот национален празник, бидејќи вечниот фалсификатор на Илинден, сега беше и окупатор. Бугарските фашисти се приготвуваа да направат голема прослава во Смилево, во родното место на легендарниот Даме Груев. За таа цел, од Софија специјално беше дошол министерот на полицијата.
Додека окупаторите правеа свои планови, македонските партизани, борците од Битолско-преспанскиот одред кој го носеше името на големиот илинденски водач Даме Груев, во раните утрински часови итаа кон Смилево.
Се одеше по однапред предвидениот ред. Едни отидоа во општината и ја уништија окупаторската архива, воените списоци, евиденцијата на реквизиционата комисија… Други го фатија кметот. Трети ги исекоа телефонските жици и отидоа на одредените пунктови за обезбедување, бидејќи полицајците што беа во селото, побегнаа во паничен страв.
Околу партизаните почнаа да се собираат селани. Излегуваа да ги видат, зашто до тогаш само беа слушале за партизаните. Им ги гледаа црвените петокраки. Од своја страна, пак, партизаните ги канеа селаните на митинг…
Политичкиот комисар, Јосиф Јосифовски – Свештарот, одржа пламенен, возбудлив, патриотски говор од кој на многумина од присутните им навреа солзи в очи. Илинденците плачеа од радост гледајќи ги своите следбеници…
Смилевчани први и за првпат го прославија Илинден со своите синови, со својата народна војска.
Тогаш Мите ја напиша песната „Триесет и девет минаја“.
Триесет и девет минаја
Триесет и девет минаја
Минаја триесет и девет,
И четириесета навлезе,
Од ко се дигна на нозе,
Целата Македонија,
Од кога народ поробен,
Стана да кршат окови.
Триесетидевет години,
Години како векови,
Нито се крвта исуше,
Турена по планините,
Нито секнаја солзите,
Солзите на робините.
Триесетидевет години,
Триесетидевет камења,
Секои од кого потежок,
Секои од кого постуден.
Триесетидевет темници,
Која од која погрозна.
Триесетидевет години,
Обеле коса на глава.
На стари еден војвода,
На Илинденски комита,
Лоша го старост наведе,
Црни го мисли испиле.
Лута го тага изела,
За таа пуста слобода.
Но, што му очи светнаја,
Што му се лице разведри?
Кога си виде внуците,
Во нова рува комитска,
Со танка пушка на рака,
Со срце машко во гради,
Силна го надеж утеши.
Радост го в старост окрепи,
Срце на младост затупка.
Осуна славен Илинден,
Во светла, бела промена,
Над славно село Смилево.
Во горда Бигла планина,
Триесетидевет години,
минаа како векови.
Деветстотретата остана,
Само во света промена.
Ропство се тешко надвило,
Не дават душман слобода,
Не можит глава да кренит,
Народ потеглил окови,
Султанот сојде нов дојде.
Излегоа нови спахии,
Стегнаа нови синџири,
Ко пелин стана нов живот,
Силно се Бигла затресе,
Запееја горје, планини.
В земја се кријат кодоши,
Ново ни сонце огреа.
Храбро се чета зададе,
Од славна Бигла планина,
И слезе славно Смилево,
Народ да крева во борба.
Се млади како фидани,
Се силни како арслани,
Срце за страв им незнаји,
Една ји мисла поведе,
Слегоја, в село влегоја.
Се собра цело Смилево,
Да слуша думи пламени,
За нови светли славни дни,
Радост им срце исполни,
Душа им пламна за борба.
Дамјан се исправи пред ними.
В очи им искрит слобода.