Почетна » македонски јазик » Заедничкото кај одделни зависносложени реченици

Заедничкото кај одделни зависносложени реченици

Заедничкото кај одделни видови зависносложени реченици најлесно може да се илустрира ако од две прости реченици направиме сложена, односно повеќе сложени.
Многу често една иста содржина можеме да ја оформиме на различни начини.
            На пример:
            Денес е топло. Ќе одиме во парк.
            1. Денес е топло и ќе одиме во парк.                      – составна реченица;
            2. Денес е топло, значи ќе одиме во парк.             – заклучна;
            3. Бидејќи денес е топло, ќе одиме во парк.        – причинска;
            4. Денес е топло, така што ќе одиме во парк.      – последична;
            5. Ако е денес топло, ќе одиме во парк.                 – условна;
            6. Кога е топло, одиме во парк.                               – временска.
Од примерот можеме да заклучиме дека во зависност од начинот на кој сме ја кажале мислата сме составиле различни видови реченици. Се разбира дека во секоја од нив има различни нијанси: заклучни, причински, последични, временски, итн. Но сепак, основната содржина ја имаме во секоја од нив.
Ако ги негираме двете дејства, ќе ги добиеме истите видови реченици како во претходниот пример, но ако негираме едно од дејствата, ќе ги добиеме:
            1. Денес е топло, ама нема да одиме во парк.        – спротивна;
            2. Иако денес е топло, нема да одиме во парк.      – допусна.
Од овој претходните примери може да заклучиме дека блискозначни реченици се: составните, заклучните, причинските, последичните, условните и временските од една страна и спротивните и допусните од друга страна.
Scroll to Top