За животот и делото на Гане Тодоровски
Гане Тодоровски е роден 1929 година во Скопје, каде завршил основно училиште, гимназија и Филозофски факултет. Работел во весникот „Млад борец“, потоа како асистент, а по докторирањето станува редовен професор на Филозофскиот факултет. Почина 2010 година во Скопје.
Автор е на збирките поезија: „Во утрините“(1951), „Тревожни звуци“(1953), „Спокоен чекор“(1956), „Божилак“(1960), „Апотеоза на делникот“(1964), „Горчливи голтки непремолк“(1970), „Снеубавен ден“(1974), „Скопјани“(1981), „Неволици, неверици, несоници“ (1987), „Недостижна“ (1995), „Осамен патник“ (1996, поезија на англиски јазик).
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Книгите есеи, студии и огледи: „Претходниците на Мисирков“ (студии и огледи, 1968), „Трактати за сонцељубивите“ (есеи и записи, 1974), „Веда Словена“ (1979), „Маѓепсан мегдан“ (литературни записи, 1979), „Подалеку од занесот, поблизу до болот“ (студии, 1983), „Со збор кон зборот“ (студии и критики, 1985), „Поход кон Хеликон“ (студии, 1987), „Неодложни љубопитства“ (студии, записи и критики, 1987).
Составувач е на антологиите: „Песната – храброст“ (1975), „Австриската поезија на ХХ век“ (1982), и други, а како коавтор ги приредил антологиите: „Словенечки поети“ (1956), „Езерска земја“ (1967), „Правостоина“ (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968), „Нова хрватска поезија“ (1973), „Современа хрватска поезија“ (1981).
Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Митрев“, Наградата за книжевен опус на „Мисла“ и на преведувачките награди „Григор Прличев“, „Кирил Пејчиновиќ“ и „Златно перо“.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Поетското творештво на Гане Тодоровски
Поетското творештво на Гане Тодоровски ги следи сите три фази на развој на македонската поезија. Во првата фаза тој својата поезија ја посветува на татковината, а во втората фаза, неговите песни се интимни, искрени, длабоко копнежливи. Третата фаза, пак, е урбана, современа, каде ја искажува својата загриженост за човековото секојдневие во светот во кој живееме.
Гане Тодоровски на специфичен начин, на сосема свој јазик ги искажува своите поетски трепети. Карактеристични за него се неологизмите, бескрајната низа зборови кои ги создава и пресоздава (непрегор, неизгор, непребол, непремолк, непобедници итн). Но, колку што е поетски комплексен и иновативен, толку може да биде и едноставен. Доказ за тоа е песната „Биографија“.
Биографија
Дека навистина сум живеел.
Избор од поетското творештво на Тодоровски
Прочитај ги песните „Нашинска“, „Фуснота без повод“ и „Нерези“ од Гане Тодоровски и запознај се со уште дел од неговото поетско творештво, на следнава ВРСКА.
„Седум навраќања кон мотивот трепетлика“ е лирско-медитативна, рефлексивна песна во која предмет на набљудувањето е трепетликата (јасиката). Навидум песната е пејзажна, но всушност, таа е песна за јаловата убавина, за бесцелното, неплодно постоење.