Михаил Шолохов (1905 – 1984)
- Козаците се специфична руска платена војска која се појавила кон крајот на 17 век. Во феудализмот, царот им доделил имоти и ги плаќал селаните кои ќе ја чуваат границата на Царска Русија. Својата слобода тие ја откупиле на тој начин што секогаш кога имало потреба биле во првите борбени редови. Биле способни војници, претежно коњаници, кои ја населиле областа околу реката Дон. Во Октомвриската револуција (1917) се руши старото уредување и царот, а со тоа и традиционалната козјачка војска.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Судбината на човекот
„Судбината на човекот“ е расказ за обичниот руски војник и неговата судбина во текот на Втората светска војна.
Иако во него се среќаваме со грозни нехумани ситуации, сепак, во целиот расказ провејува топлина, хуманизам, добрина.
Нараторот е главниот лик, Андреј Соколов, кој полека, без вознемирување му го раскажува својот живот на еден непознат човек со кого случајно се сретнува чекајќи да дојде сплав за минување на реката.
Расказот започнува со човекот кој ќе ја ислуша „судбината“ на патникот со малото детенце и кој на крајот ќе срони машка солза, но кој, исто така, ќе се наполни со надеж – надеж дека човек иако може да загуби сѐ, сепак ќе изнајде начин да живее, да продолжи, да биде уште похуман од порано, да им помага на тие околу себе – така осмислувајќи си го животот.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
За содржината на расказот прочитај повеќе на следнава ВРСКА.
Можеби ќе те интересира нешто повеќе за главниот лик од расказот. За него можеш да прочиташ во текстот наменет за писмена работа на следнава ВРСКА.