Почетна » македонски јазик » Административен стил

Административен стил

Административен стил е функционален стил кој е дел од стилистиката.

Стилистика е наука за стилот на говорење и пишување, односно за начинот на изразување на мислите, чувствата и впечатоците.

Административниот стил уште се вика и деловен и се употребува при официјално-деловното комуницирање меѓу државите, институциите во една држава, во рамките на институциите и меѓу граѓаните и државата.

Во административен стил се разликуваат три потстила:
  • Дипломатски – се употребува во меѓудржавното комуницирање преку договори, спогодби, ултиматуми, ноти, декларации итн.
Специфични термини за овој стил се: акредитив, коминике, гест на добра волја, тркалезна маса итн.
  • Законодавно – правен  – се употребува во комуникацијата меѓу држвата и граѓаните преку закони, акти, решенија, пресуди итн.
Специфична терминологија: член, алинеа, анекс, параграф, пресуда, обвинет, бранител итн.
  • Деловен  – се употребува во канцелариите, за деловно комуницирање на два субјекта.
Специфична терминологија: молба, жалба, барање, уверение, полномошно, долупотпишаниот, горенаведениот итн.
Scroll to Top