Модерна литература (модерната) се појавува кон крајот на XIX, односно почетокот на XX век.
Авангарда
Прочитај повеќе за Едгар Алан По.
Модернистички струења
1. Симболизам — се појавува во Франција со девизата „уметност заради уметност“. Претставата за светот и животот се предава во симболи кои само асоцираат на вистината. Симболистите сакаат да сугерираат, да навестуваат, да го оприсутнат постоењето на невидливото, на далечното и отсутното. Со симболизмот започнува таканаречената модерна литература, а нејзини претходници се: Шарл Бодлер и Едгар Алан По.
-
Македонски Јазик
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература
Original price was: 850 ден.690 денCurrent price is: 690 ден. Додај во кошница
4. Експресионизам — се јавува во Германија 1910 – 1924 година. И тој претставува израз на новата урбана култура. Директно му е спротивен на импресионизмот и го нагласува и предимензионира изразот и визијата на катастрофалните состојби: болка, страв, ужас, глад, војна, смрт. И тука се употребуваат многу бои, но тие не се соодветни на природата.
5. Дадаизам — (дада — играчка, дрвено коњче) се јавува во Швајцарија за време на Првата светска војна, во циришкото кабаре Волтер. Дада — коњчето е замислено како тројански коњ кој ги симболизира лажните цивилизациски вредности на Западот, особено засилени со безнадежноста во контекст на војната. Духовен водач на групата е Тристан Цара. Дадаистите имаат презирен однос кон уметноста и ја негираат. Сликаат предмети од областа на бесмисленоста и примитивноста, рецитираат бесмислени песни само со нивната звучна страна (музика на шумовите) итн.
-
Македонски Јазик
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература
Original price was: 850 ден.690 денCurrent price is: 690 ден. Додај во кошница
.
6. Надреализам — надвор од реалното. Авторите го мешаат сонот и јавето, тоа се еден вид привидувања, диктат на потсвеста. Се појавува во Франција, а претставници се: Андре Бретон, Луј Арагон, Пол Елијар, Жак Превер и др.
-
Македонски Јазик
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература
Original price was: 850 ден.690 денCurrent price is: 690 ден. Додај во кошница
