Уметничко-литературен стил е еден од функционалните стилови со кои се занимава стилистиката.
Стилистика е наука за стилот на говорење и пишување, односно за начинот на изразување на мислите, чувствата и впечатоците.
Уметничко-литературниот стил се однесува на уметноста, односно на сферата на естетското комуницирање меѓу луѓето.
Овој стил се карактеризира со сликовотост и изразност кои ја активираат фантазијата што се постигнува со широка употреба на стилски фигури.
Јазикот на уметничката литература е поширок од литературниот бидејќи се употребуваат и: дијалектизми, архаизми, историзми, неологизми итн.
Во уметничка литература спаѓаат литературни творби, од народното творештво до авторски дела: романи, раскази, драми, песни, итн.
Другите функционални стилови се: