Матурските прашања за „Печалбари“ од Панов ќе ги одговорите полесно ако се запознаете со драмата.

„Печалбари“ е драма во четири чина и драмско дејство развиено во пет етапи. Етапите во драмата се: експозиција — запознавање со ликовите и Јордан како носител на семејната трагедија; заплет — Костадин, како носител на новите сфаќања (против купување на невестата и против печалбарството); кулминација — доаѓањето на Јордан да си ги земе парите; перипетија — печалбарскиот живот, болеста и смртта на Костадин; расплет — враќање на печалбарите, предавањето на парите и судбината на печалбарската жена.

„Печалбари“ е битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот. Битово — значи дека е опфатен начинот на живеење, обичаите на Македонците; а социјална, бидејќи е прикажан судирот меѓу богатите и сиромашните и печалбарството — како нужност да се спечали. Темата во драмата е љубовта на двајца млади, поради која момчето е принудено да оди на печалба.

Во драмата се испреплетуваат неколку мотиви: печалбарството, мотивот на парите, мотивот на љубовта и на традицијата. Парите се сепак движечкиот мотив, тие се средство за живот, за богатење, за купување невеста, за уништување на семејството, за одење на печалба и смисла за живеење (на Јордан му се и срце и душа). Идејата е да го прикаже животот на Македонците во првата половина на XX век.

Дејствието се случува во едно село во Западна Македонија (освен една сцена во Белград) кон крајот на триесеттите години од XX век.

 

Прашања од август 2009

 

 

Прашања од август 2014