За животот на Пушкин
Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837) е роден во Москва 1799 година, во благородничко семејство. Бил воспитуван и образован од приватни учители од кои го научил францускиот јазик. Неговата дадилка, пак, му ја всадила љубовта кон рускиот фолклор и народ.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Во 1830 година се случува Болдинската есен – неговиот најплоден творечки период, кога со својата идна сопруга, прекрасната Наталија Гончарова, престојува во селото Болдин.
Тогаш ги пишува последните глави од „Евгениј Онегин“, триесетина стихотворби, прозни и драмски текстови.
По женидбата живее во Царско Село во Санкт Петербург, но неговите конфликти со дворот растат. За да ја одбрани честа, по интригата што се плетела за врската на неговата жена со Французинот Дантес, офицер во царската гвардија, тој излегува на двобој во кој е смртно ранет. Починува два дена по дуелот, на 29 јануари 1837 година.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Негови најпознати дела се поемите: „Кон Чаадаев“, „Село“, „На Керн“, „Зимска вечер“; романите: „Капетановата ќерка“, „Евгениј Онегин“; трагедијата: „Борис Годунов“.
Поетското творештво на Пушкин
Прочитај повеќе за романот „Евгениј Онегин“.
И шестиот е поетскиот споменик, песната: „Јас споменик си подигнав неизграден од рака“.
Запомни
Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837) е претставник на рускиот романтизам и зачетник на реализмот.
Тој се смета за зачетник на новата руска литература и создавач на рускиот литературен јазик.
Потекнувал од благородничко семејство што му овозможило солидно образование. Прво имал приватни учители, а потоа се школувал во Лицејот во Царско Село, училиште само за децата на аристократите.
Поради својата слободоумност ќе биде затворен и прогонет 4 години.
Се оженил со прекрасната Наталија Гончарова која ќе биде причина за неговата смрт. Поради интригите што се плетеле во царскиот дворец, за неговата жена и Французинот Дантес, тој ќе го предизвика на двобој својот соперник каде ќе се здобие со смртни повреди.
Негови најпознати дела се поемите: „Кон Чаадаев“, „Село“, „На Керн“, „Зимска вечер“; романите: „Капетановата ќерка“, „Евгениј Онегин“; трагедијата: „Борис Годунов“.