Повторете ја темата Македонската литература меѓу двете светски војни.
Голем дел од прашањата се преземени од прашањата за екстерно тестирање, но понудените одговори се произволни, односно претпоставени. Иако е така, сепак, ова е добра подготовка за екстерното тестирање.

1. Доминантни мотиви во песните од збирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин се:

а) патриотските; б) аргатските; в) љубовните; г) пејзажните.

б) аргатските

2. Кои песни се од стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин?

а) „Бисера“ и „Голапче“; б) „Алтана“ и „Жетварките“; в) „Глас од Македонија“ и „Раткина невоља“; г) „Печал“ и „Проштавање“.

г) „Печал“ и „Проштавање“

3. Писатели кои се забележени во историјата на македонската литература како писатели кои пишуваат на странски јазици се:

а) Мите Богоевски и Ацо Караманов; б) Кочо Рацин и Коле Неделковски; в) Никола Јонков Вапцаров и Коста Абрашевиќ; г) Венко Марковски и Антон Панов.

в) Никола Јонков Вапцаров и Коста Абрашевиќ

4. На кој јазик пишувал Христо Смирненски?

а) македонски; б) српски; в) бугарски; г) англиски

в) бугарски

5. На кој јазик пишувале Коста Абрашевиќ и Анѓелко Крстиќ?

а) македонски; б) српски; в) бугарски; г) англиски

б) српски

6. Од која драма се ликовите Костадин и Симка?

а) Македонска крвава свадба; б) Чорбаџи Теодос; в) Печалбари; г) Парите се отепувачка.

в) Печалбари

7. Од која драма се ликовите Арсо и Томче?

а) Македонска крвава свадба; б) Чорбаџи Теодос; в) Печалбари; г) Парите се отепувачка.

б) Чорбаџи Теодос

8. Според мотивот, определи го видот на песната „Глас од Македонија“ од Коле Неделковски?

а) интимна; б) социјална; в) патриотска; г) рефлексивна

в) патриотска

9. Антон Панов  е автор на драмскиот текст:

а) Македонска крвава свадба; б) Бегалка; в) Печалбари; г) Парите се отепувачка.

в) Печалбари

10. Кој е автор на песните „Алтана„, „Жетварките“ и „Огинот“?

а) Коле Неделковски; б) Венко Марковски; в) Мите Богоевски; г) Ацо Караманов

б) Венко Марковски

11. Автор на песната „Црвените ескадрони“ е:

а) Коле Неделковски; б) Христо Смирненски; в) Мите Богоевски; г) Ацо Караманов

б) Христо Смирненски

12. Прочитај ги внимателно стиховите од песната „Црвена“ од Коста Абрашевиќ и одговори на прашањето.

            „О, тирани, слушнете; во некој ден иден

            и нашата одмазда црвена ќе биде“

Кон кого се обраќа поетот во песната?

а) кон народот; б) кон власта; в) кон угнетувачите; г) кон аргатите

в) кон угнетувачите

13. Прочитај го извадокот од песната „Тутуноберачите“ од Кочо Рацин и одговори на поставеното прашање.

„Та не знаеш ли?

Денот ли дојде тој да се мери –

мерка му нема, а в градите длаби

без да се запре, без дно да најде

не тага, а клетва и в очите матни

и не сакајќи, сама се дига

фуријата …“

Определи го мотивот во наведениот извадок од песната.

а) револтот заради недоволно платената работа; б) маката поради болеста што ја носи тутунот; в) тагата поради социјалната неправда; г) љубовта кон работниците.

а) револтот заради недоволно платената работа

14. Прочитај го внимателно извадокот од песната „Копачите” од Кочо Рацин и одговори на поставеното прашање.

„ Се к’ти ноќта црна

   Се рути карпа мрак

   И петли в село пеат

   И зората се зори

   Над карпа в крв се мие

   И темнината пие

   Силно светнал ден…“

Каква е песната според мотивот?

а) аргатска; б) печалбарска; в) револуционерна; г) патриотска.

в) револуционерна

15. Прочитај ги внимателно стиховите од песната „Глас од Македонија“ од Коле Неделковски и одговори на поставеното прашање.

„О, трајте, трајте, тирани недни!

Доста се тија лаги и злоба –

Пакосен глас од устите гадни

Над мојот народ у секоја доба.“

Какво чувство изразува поетот во стиховите?

а) родољубиво; б) љубовно; в) пакосно; г) мачно.

а) родољубиво

16. Која стилска фигура се среќава во наведените стихови од песната „Денови“ од Кочо Рацин?

„Ај пуст да е, пуст да би

 останал животот кучешки.“

а) компарација; б) метафора; в) анафора; г) контраст.

б) метафора

17. Прочитај го внимателно извадокот од драмата „Парите се отепувачка“ и одговори на прашањето.

„Митре:  (оди пак го поткрева капакот од куферчето и на Мара која му застанала над главата)  Митрејце, жено…што велиш? Мене ми се измеша умов!…Ова е пара!… Пара е, не е играчка!

Мара: (сфаќајќи му ги мислите да би го спасила од створената ситуација му сугерира) Што, да не сакаш да му земеш неколку жолти?

Митре: Не знам што сакам. (ја зема главата во обете раце) Главата ми е како бутин. (седнува на големиот куфер, покрај малото и очите не ги тргнува од него) Бреее…куче дете. За малку време што пара спечалило! Кај го натера врагот да дојде, ќе ме стави во некој грев.“

Кога, според наведениот извадок,  парите стануваат отепувачка?

а) кога не се знае што се сака; б) кога ќе се измеша умот; в) кога не се спечалени; г) навечер.

б) кога ќе се измеша умот

18. Кој е автор на стихозбирките „Пеш по светот“ и  „М’скавици“?

а) Венко Марковски; б) Мите Богоевски; в) Ацо Караманов; г) Коле Неделковски.

г) Коле Неделковски

19. Од која драма се ликовите Митре и Мара?

а) Македонска крвава свадба; б) Чорбаџи Теодос; в) Печалбари; г) Парите се отепувачка.

г) Парите се отепувачка

20. Стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин е објавена во:

а) Софија; б) Белград; в) Загреб; г) Љубљана.

в) Загреб (Самобор)

21. Ристо Крле не е автор на драмскиот текст:

а) Антица; б) Милиони маченици; в) Печалбари; г) Парите се отепувачка.

в) Печалбари

22. Васил Иљоски е автор на драмскиот текст:

а) Македонска крвава свадба; б) Чорбаџи Теодос; в) Печалбари; г) Парите се отепувачка.

б) Чорбаџи Теодос

23. Во која од наведените песни од Kочо Рацин се среќава револуционерниот мотив?

а) Денови; б) Тутуноберачите; в) Копачите; г) Проштавање

в) Копачите

24. Што ги натерало Митре и Мара, во драмата „Парите се отепувачка“, да го убијат својот син?

а) злобата; б) зависта; в) итрината; г) необразованоста.

б) зависта (тоа што не го препознале; завист кон туѓинецот што спечалил многу за кратко време)

25. Која песна од стихозбирката „Бели мугри“ е елегија?

а) Денови; б) Тутуноберачите; в) Ленка; г) Проштавање

в) Ленка

26. Стихозбирката „Бели мугри“ е напишана под влијание на:

а) Константин Миладинов; б) народните песни; в) романтизмот; г) Коле Неделковски.

б) народните песни (народното творештво)

27. Мотивот на непрепознавањето освен во драмата „Парите се отепувачка“ го среќаваме и во драмата:

а) „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски; б) „Печалбари“ од Антон Панов; в) „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински; г) „Недоразбирање“ од Албер Ками.

г) „Недоразбирање“ од Албер Ками

28. Песната „Спроти Илинден“ на Мите Богоевски е сеќавање за Илинден.
Определи какви чувства изразува  поетот со песната?

а) револуционерни; б) празнични; в) социјални; г) носталгични.

а) револуционерни

29. Прочитај го извадокот од драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски и одговори на поставеното прашање.

„Цонка: Касни куме за атер.

Поцко:   И за атер…

Арсо:    Јас на човека главата му ја кршам, атерот не му го кршам.

Теодос (замижува): Тјии, со прсти јадат со црно под нокти… “

Која  карактерна особина ја издвојуваме во ликот на чорбаџи Теодос?

а) злобен; б) итар; в) љубоморен; г) чистотник.

г) чистотник

30. Која стилска фигура ја среќаваме во третиот и четвртиот стих од извадокот на песната „Тутуноберачите“ од Кочо Рацин?

„Од темни зори на утрини летни

До никоја доба на вечери зимни

Тој гладно пие тагата наша

И потта и крвта и снагата ни…“

а) епитет; б) компарација; в) градација; г) алегорија.

г) алегорија

31. Прочитај ги внимателно стиховите од песната „Работник“ од Коле Неделковски и одговори на поставеното прашање.

„По земници влажни

ноќеви тежат,

а векови тажни

на срце лежат.

и полн со гајле

у мугра да станам

лимња да фанам

Сè работа сакам

по клубови акам,

а никој ме нејќе

ех, стар сум веќе“.

Какви чувства изразува лирскиот субјект?

а) родољубиви; б) носталгични; в) оптимистички; г) чувство на разочараност

г) чувство на разочараност

32. Одговори која стилска фигура е употребена во цитираните стихови.

 „Наутро радост понеси

 Навечер тага донеси…“

а) епитет; б) контраст; в) градација; г) алегорија.

б) контраст

33. Внимателно прочитај го извадокот од драмата „Печалбари“ од Антон Панов и одговори на прашањето.

„КОСТАДИН: (По извесно двоумење.) Не, не сакам жена за пари! Јас, милувам Симка од чиста милост да ми дојде, не за пари! Сакам со неа век да векувам како со жена, не како со платен добиток. Ме разбираш ли? Јас сакам и таа да се праша! Зашто, навистина, ако таа се праша, право ќе си каже:

„Костадина го сакам”! Сега дали ти е јасно? Сакам жена, а не роб…

БОЖАНА: Дека немаш, така зборуваш. Да имаше дваесет-триесет лири…

КОСТАДИН: И да имав, пак не давав!…

БОЖАНА: Млад си, ќе спечалиш…“

На што се противи Костадин во дадениот извадок?

а) на купувањето невеста; б) на одењето на печалба; в) на женидбата; г) на правото жената да одлучува.

а) на купувањето невеста

34. Внимателно прочитај го извадокот од драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски и одговори на прашањето.

„ТЕОДОС: Јас да бидам цигански кум, Тоа ли е ред!

ПОЦКО: (По него)  Ти бил касмет чорбаџи Давадосе!

ТЕОДОС: Касмет? – Кијамет! Нејќам! Не кабулам! Арсене! Арсене! Каде си Арсене! Аман, Арсене, Куртули ме!

АРСО: Што, што ти се сторило, чорбаџи Теодосе?

ТЕOДОС: Најлошото! да ме пресретнеа арамии поарно отколку овие фараони! Нагазив на овие замотани партали (покажува на бебенцето што го носи Цонка), а овие изрипаа од дупка како сотони од пекол, па, ти си ни кум.“

Според наведениот извадок, Чорбаџи Теодос требало да го прифати кумството поради:

а) сиромаштијата на Ромите; б) обичајот; в) своето богатство; г) долгот на Арсо.

б) обичајот

35. Прочитај го внимателно извадокот од песната „Проштавање“ од Кочо Рацин и одговори  на прашањето.

            „Не ли ти кажав, не ли ти кажав,

            не ли ти реков на проштавање?

            Ич не ме чекај, ич не ме пекај

            Белград е ламња, во Белград ја роб

            снага по туѓи палати оставам,

            снага во усти несити клавам,

            и дома, дома не ќе се вратам.“

Каков е мотивот во песната?

а) печалбарството; б) туѓината; в) аргатството; г) сиромаштијата.

а) печалбарството

36. Прочитај ги внимателно стиховите од песната „Земја“ од Никола Јонков Вапцаров и одговори на прашањето.

            „Таа земја

            Сега што ја чекорам

            Таа земја – своја не ја знам

            таа земја, простете е туѓа“.

Каков став изложува авторот, според стиховите од наведениот извадок?

а) на неприпаѓање; б) на противење; в) на согласување; г) на љубов кон татковината.

а) на неприпаѓање (на Бугарија; зашто неговата татковина е Македонија)

37. Прочитај го извадокот од драмата „Чорбаџи Теодос“ и одговори на поставеното прашање.

17 појава

Арсо и Теодос

„ Арсо: Со здравје и со добро Стојанке! Е, бре чорбаџи Теодос, ја расплака сиромашката! Требаше за атер да испиеш една чаша вода!

Теодос: Ами, не турам јас за атер во мојата уста од секаква рака!

Арсо: Ама чиста е девојката, виде сам.

Теодос: А, смугра. Црна како Циганка.

Арсо: Е, чорбаџи Теодосе, ако те викаат џимрија, има зошто: И на сонцето сенка ќе му најдеш. Вистина, малку е црна, ама знаеш како се вели: црното грозје е послатко. Не сакам во туѓо тенџере сол да турам, ама ќе ти речам, еден збор, чорбаџи Теодосе: оваа девојка е токму за твојот Томче.

Теодос: Држи си го зборот за добро утро, Арсене! Самарот е за магаре, а за ат, треба седло шиклосоно.

Арсо: Вистина, нејзиниот татко е самарџија, ама што се вели зборот, не гледај го коренчето, гледај го цвеќенцето“.

Карактерната одлика која се воочува кај чорбаџи Теодос врз основа на извадокот се сведува на тоа дека тој е:

а) итар; б) надмен; в) непоколеблив; г) алчен.

б) надмен

38. Поезија на Коле Неделковски, според мотивите е:

а) патриотска; б) печалбарска; в) аргатска; г) елегична.

а) патриотска (но има и социјални, љубовни, револуционерни)

39. Во драмата „Парите се отепувачка“, судбината на ликовите е одраз на:

а) сиромаштијата; б) непрепознавањето; в) тешкиот живот; г) печалбарството.

б) непрепознавањето

40. Со кои атрибути е опишан ликот на чорбаџијата Јордан во драмата „Печалбари“ од Антон Панов?

а) правичен и чесен; б) суров и бесчувствителен; в) одговорен и непоколеблив; г) итар и надмен.

б) суров и бесчувствителен

41. Темата на новелата „Во каменеломот“ од Кочо Рацин е:

а) смртта на тројца работници во каменоломот; б) еден работен ден во каменоломот; в) животот на газдата Крстиќ; г) носењето нова дробилка во каменоломот.

а) смртта на тројца работници во каменоломот

42. Која е идејната порака во новелата „Во каменеломот“ од Кочо Рацин?

а) да ја прикаже издржливоста на работниците; б) да ја прикаже работата во каменоломот; в) да ја прикаже ниската вредност на животот на работникот; г) да го прикаже односот меѓу богатите и сиромашните.

в) да ја прикаже ниската вредност на животот на работникот

43. Песните „Земја“и „Илинденска“ во кои поетот ги изразува своите чувства поврзани со доживувањето на неправдите и бунтот против нив ги напишал поетот:

а) Коле Неделковски; б) Мите Богоевски; в) Христо Смирненски; г) Никола Јонков Вапцаров.

г) Никола Јонков Вапцаров

44. Со какво чувство се обземени угнетените народни маси во песната „Црвена“ од Коста Абрашевиќ?

а) одмазничко; б) помирувачко; в) братоубиствено; г) утешувачко.

а) одмазничко

45. Клучен настан во развојот на дејството во драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле е чинот на:

а) враќањето на синот; б) давањето скапи подароци на семејството на сестрата; в) непрепознавањето; г) заминувањето на печалба.

в) непрепознавањето