Коста Абрашевиќ („Црвена“)

Коста Абрашевиќ (1879 – 1898)

Коста Абраш (Абрашевиќ) е роден во Охрид, но неговото семејство се преселило во Шабац, Србија.
Затоа тој својата поезија ќе ја напише на српски јазик.

Починува многу млад, на 19 години, од туберкулоза.

Поетско творештво

Мотивите во неговите песни се социјалната неправда, но и непомирливоста со неа, односно револуционерниот бунт.

Во песната „Црвена“ многу јасно и гласно го искажува својот гнев и гневот на сите обесправени, кој постепено прераснува во бунт, револт, омраза и желба за одмазда, и тоа „црвена“ одмазда!

Пораката на поетот во оваа песна е дека само преку решителна борба може да се дојде слобода – и социјална и национална.

Црвена

Црвена е крвта што врие и тече,
црвена е молњата облаци што сече,
црвено е небото в зори што се смее,
црвено е знамето гордо што се вее;
и гневот е црвен на стари и млади.
О, тирани, чујте – денот веќе иде –
и нашата одмазда – црвена ќе биде.

Македонци кои пишувале на други јазици (дводомни писатели)

Меѓу двете светски војни имеме една група писатели Македонци кои пишувале на други јазици. 

Фактот дека не постоел литературен македонски јазик, различните места на живеење, како и влијанието на разните пропаганди, придонел за вакавата појава.

Освен Коста Абрашевиќ, попознати вакви писатели се:

Никола Јонков Вапцаров,

Анѓелко Крстиќ,

Христо Смирненски,

и други.

Scroll to Top