Во јуни 2010 година, на државната матура, за Климент Охридски ја имаше следната задача:

Прочитај го внимателно извадокот и одговори на поставените прашања.

„ПОХВАЛА НА НАШИОТ БЛАЖЕН ТАТКО И УЧИТЕЛ СЛОВЕНСКИ СВЕТИ КИРИЛ“
од Климент Охридски

Еве ни светна христољупци светлозрачниот спомен на нашиот преблажен татко Ки рил, нов апостол и учител на сите земји, којшто огреа на земјата како сонце со вистинска вера и убавина, како сонце на трисушното божество, осветлувајќи го сиот свет.

Божјата премудрост си соѕида храм во неговото срце и на јазикот негов како на херувим почиваше секогаш Светот дух разделувајќи дарови според верата, како што кажуваше и апостол Павле дека секому од нас му се дава благодет како што дарувал Христос. Кој ќе каже дека ме љуби како Господа, и јас ќе го заљубам, ќе му се покажам самиот и во него ќе си направам храм, и тој ќе ми биде син, а јас ќе му бидам татко.

Таква татковина барајќи, овој преблажен отец и учител наш ја остави сета убавина на овој живот, домот и богатството, татка си, мајка си, браќата и сестрите. Од младини беше чист како ангел, се оттргнуваше и избегнуваше од житејски сладости и секогаш беше со псалми и пеење и со духовни поуки. Врвеше само по еден пат што води на небеси. Затоа низ неговата уста се изли божјата благодет, како што кажал премудриот Соломон: во устата на премудриот влегува вдахновение, тој носи закон и милост на јазикот, со него ги врзува злословните усти на еретиците…

1. На кој жанр од средновековната литература припаѓа делото од кое е земен извадокот?

A. Пофално слово. Б. Житие. В. Молитва.

 

A. Пофално слово


2. Со каква цел Климент Охридски го напишал ова дело?

A. Да даде исцрпни податоци за животот на свети Кирил. Б. Да ја искаже својата љубов и восхит кон свети Кирил. В. Да го опише својот роден крај.

Б. Да ја искаже својата љубов и восхит кон свети Кирил.

3. Со која компарација (споредба) е прикажан свети Кирил во првиот пасус?

A. Којшто огреа на земјата како сонце. Б. Нашиот преблажен татко. В. Осветлувајќи го сиот свет.

A. Којшто огреа на земјата како сонце.

4. Која карактеристика на свети Кирил се истакнува во третиот пасус од извадокот?

A. Предаденоста на Христовата вера од најрани години. Б. Големата дарба за учење и совладување различни вештини. В. Големата љубов кон родителите.

A. Предаденоста на Христовата вера од најрани години.

5. По што е значаен Климент Охридски во словенската литература?

A. Ја создал првата словенска азбука. Б. Полемизирал со тријазичниците. В. Ги напишал првите оригинални дела.

В. Ги напишал првите оригинални дела.