За да ги одговорите матурските прашања за „ Тартиф “ прво прочитајте нешто за драмата.

Повеќе за неа може да најдете на следнава ВРСКА.

Матурски прашања

Во тестот за државната матура по македонски јазик, јуни 2009 година, ја имаше оваа задача:

 

Прочитај го внимателно извадокот од делото и одговори на поставените прашања.

 

СЦЕНА СЕДМА
Тартиф, Елмира, Оргон

 

Тартиф:
Госпоѓо, сè оди според мојот план,
Јас прегледав сè во сиот апартман,
Нема жив човек! Ах, во моја сте власт…

 

Оргон:
Стојте! Запрете ја вашата луда страст!
Ова е вашиот крај, вашиот пад!
Се правевте светец, а вие сте гад!
Со ќерка ми треба да склопите брак,
А жена ми ја заведувате пак!
Не верував јас во клевети и лаги,
А ми ги лажевте суштествата драги;
Но нема како досега слеп да бидам –
Веќе не сакам пред очи да ве видам!

 

Елмира:
(На Тартиф)
На ваква постапка морав да се решам,
Против своја волја требаше да грешам.

 

Тартиф:
(На Оргон)
Зар верувате?

 

Оргон:
Не матете ми ум!
Да ве нема оттука без најмал шум!

 

Тартиф:
О, јас мислев…

 

Оргон:
Но, кој ве прашува, кој?
Ај, напуштете го веднаш домов мој!

 

Тартиф:
Напротив! Вие ќе си одите в час:
Овој дом е мој, ќе ви разјаснам јас,
Та вашиот ум е веќе сосем матен,
не јас, туку вие в стапица сте фатен.
Зошто јас знам неправдата да ја згазнам,
и добро знам лажливците да ги казнам.
Кому ќе му се одмазди Небото знае,
И кој треба тука верно да се кае.

 

(Препев од француски јазик: Паскал Гилевски Матица македонска, Скопје, 2002)

 

  1. Што открива наведениот фрагмент од драмата?

Неморалот кон жената (ќерката) на Оргон; лагата или хипокризијата на (Тартиф /измамник/ измама / лицемер / лажливец /вистинско лице / лажно лице / разотриквање на Тартиф / заводник / заведува. )

2. Зошто Оргон настојува да го избрка Тартиф?

Затоа што тој е лажливец; (Тoj се додворува и на жената на Оргон, а треба да се венча со неговата ќерка. / го открива вистинското лице / измамник / блудник / ја заведува сопругата (жената)

3. Како ја оценува својата постапка Елмира?

Постапувала грешно против својата волја. цитат на репликата / постапувала грешно, но задолжително да стои и образложението за постапката / ја оправдува својата постапка на која што била принудена ( нужна) правилна за да се разоткрие Тартиф.

4. Каков вид драма е делото „Тартиф“?

Комедија или комедија на нарави; на интриги; на карактери; комедија-сатира; комедија-фарса

5. На кој период од историјата на литературата припаѓа делото „Тартиф“?

Класицизам