„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.

Темата на драмата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството.

Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство.
Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови.

Поводот Молиер да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот. Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.

Молиер  (1622-1673) е претставник на францускиот класицизам. Потекнува од богато и угледно семејство. Татко му бил кралски декоратер и му овозможил да ја наследи неговата работа. Напишал 33 комедии во стихови, од кои најпознати се: „Тартиф“, „Дон Жуан“, „Мизантроп“, „Вообразениот болен“, „Скржавец“ и др.

 

На следните врски може да ги видите одговорени матурските прашања што се паѓале на досегашните тестови во врска со „Тартиф“ од Молиер.

 

Прочитај ги и одговори ги прашањата од матурскиот тест во јуни 2009 година:

 

 

На матурскиот тест во јуни 2011 година: