Матурски прашања за „Хамлет“ (6. 2013)

На државната матура, јуни 2013 за „Хамлет“ од Шекспир ги имаше следните прашања:

Прочитај го внимателно извадокот од делото „Хамлет“ и заокружи го точниот одговор на поставените прашања.
(Сите, освен Хамлет, излегуваат)
Хамлет
О, тешко бреме од месо и коски,
Да можеш сега да испариш за миг!
И грев да не е самоубиството!
О, боже, боже! О, колку блуткав
И плиток и тап, ништовен и празен
Во сите свои движења е светот!
И каква гадост! Сѐ е осквернето
Ко цветник некој што зараснал в бурјан
И како ова можеше да стане?
Од смртта нема два месеца уште.
А таков крал! Како лач од сонце
Со таква ревност мајка ми ја сакал
Што не би шушнал крај нејното лице
Ни дах на ветрот. О, земјо и небо!
Му беше верна, — што паметам уште!
Од таа храна ѝ растеше гладот,
И што се случи… О запрете, мисли!
О жено, слабост е твоето име!
Ни месец нема! Чевлите се нови
со кои појде ко Ниоба в солзи
На гробот татков. А она, а она –
О боже, ѕверот од разумност лишен
Подолго би жалел — се омажи. За кого!
За мојот чичко, на татко ми налик
Ко јас на Херкул. За еден месец!
О, уште в очи црвенило носи
Од солта лута на лажните солзи!
Не води таа кон никакво добро!
Но замри, срце, јас ќе стиснам заби.

1. Фабулата на делото „Хамлет“ е изградена врз основа на:
а) вистински настан; б) народна приказна; в) легенда.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-ruki9l’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-pod7yh’]
в) легенда
[/av_tab]

[/av_tab_container]
2. На кој начин Хамлет во истоимениот драмски текст ја разоткрива вистината?
а) Преку јавно обвинување; б) Со театарска претстава; в) Со преземање на тронот.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-2f5h3d’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-n0cn89′]
б) Со театарска претстава
[/av_tab]

[/av_tab_container]
3. Драмата „Хамлет“ според видот е:
а) комедија; б) трагедија; в) монодрама.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-7814p’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-jn8ncp’]
б) трагедија
[/av_tab]

[/av_tab_container]
4. За начинот на кој починал неговиот татко, Хамлет добива информација во разговор со:
а) духот на таткото; б) љубената Офелија; в) пријателот Хоратиј.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-hzsavt’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-1k0pvd’]
а) духот на таткото
[/av_tab]

[/av_tab_container]
5. Неодлучноста на Хамлет изразена во првите стихови од дадениот фрагмент се однесува на:
а) ништожноста на светот; б) бегство од земјата; в) одземање на животот.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-eihuc9′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-cptybt’]
а) ништожноста на светот
[/av_tab]

[/av_tab_container]
6. Со стихот „О жено, слабост е твоето име!“, во конкретниов фрагмент Хамлет ја обвинува:
а) својата мајка; б) својата љубена; в) својата сестра.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-b8g0ih’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-8lu8hl’]
а) својата мајка
[/av_tab]

[/av_tab_container]
7. Во наведениот фрагмент опишаниот однос на таткото на Хамлет кон Гертруда е заснован на чувството на:
а) безусловна љубов; б) ништожност и празнина; в) слабост и жал.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-892wzt’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-60hw9l’]
а) безусловна љубов
[/av_tab]

[/av_tab_container]
8. Преку стиховите кои го изразуваат односот на Хамлет кон светот заклучуваме дека тој е:
а) љубоморен; б) завидлив; в) разочаран.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-4ilyax’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-2tsyah’]
в) разочаран
[/av_tab]

[/av_tab_container]