Матурски прашања од областа на морфологијата.

Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Зборовите се делат на менливи и неменливи според:
а) значенската класификација; б) морфолошката класификација; в) синтаксичката класификација; фонетската класификација.

б) морфолошката класификација


2. Кои видови зборови се неменливи?
а) заменки; б) броеви; в) честици.

в) честици


3. Во зборот прелетавме морфемата лета се нарекува _____________

коренска (морфема)

4. Колку граматички категории имаат именките?
а) 2; б) 3; в) 4.

б) 3


5. Именките вистина, итрина, храброст се:
а) конкретни именки; б) апстрактни именки; в) сопствени именки.

б) апстрактни именки


6. Именките бакар, шеќер, песок се:
а) сопствени именки; б) материјални именки; в) апстрактни именки.

б) материјални именки


7. Подвлечи ги именките:
функција, основа, чувство, работи, истакнува, среќен, форма, совет.

функција, основа, чувство, форма, совет


8. Со каква множина е изразена именката: класје?
а) обична; б) избројана; в) збирна.

в) збирна


9. Направи множина од именките:
врабец ______________________; срце ________________________

врапци, срца/срциња;


10. Во каква форма се именките: професорке, ученику, Горане?
а) вокативна; б) дативна; в) акузативна.

а) вокативна


11. Членуваната форма на именката воденица е:
а) воденици; б) воденичар; в) воденицана.

в) воденицана


12. Образувај збирна множина од именката планина. __________________

планиње


13. Придавката убав претставува:
а) односна (релативна) придавка; б) описна (квалитативна) придавка; в) бројна придавка.

б) описна (квалитативна) придавка


14. Придавките златен, градски, мајчин се:
а) описни; б) односни; в) заменски; г) бројни.

б) односни


15. Граматичката категорија степенување е карактеристична само за:
а) именките; б) придавките; в) броевите; г) глаголите

б) придавките


16. Во реченицата: Јас горам како запален бор во планина среде ноќ, описна придавка е зборот:

запален


17. Определи кој вид придавка е употребена во реченицата: „Тој улови солзи во нејзините очи“.
а) описна; б) заменска; в) односна

б) заменска


18. Наставките за членување на придавката висок во еднина машки род се:
а) от, он, ов; б) та, на, ва; в) ти, те, то.

а) от, он, ов


19. Придавката во реченицата „Најголемата куќа во улицата е негова.“ е употребена во:
а) позитив; б) компаратив; в) суперлатив.

в) суперлатив


20. Во именската група „таков човек“ е употребена:
а) присвојна заменска придавка; б) количествена заменска придавка; в) квалитативна заменска придавка.

в) квалитативна заменска придавка


21. Степенувај ја придавката СЛАБ: _________________

послаб, најслаб

22. Во реченицата „ Ме повикаа на разговор.“, зборот МЕ е:
а) лична заменка; б) лично-предметна заменка; в) заменска придавка.

а) лична заменка


23. Заменката „некој“ е:
а) лична заменка; б) лично-предметна заменка; в) показна заменка.

б) лично-предметна заменка


24. Заокружи ја лично-предметната заменка:
а) овој; б) кој; в) тој.

б) кој


25. Заменската форма употребена во даденава реченица: „Овој човек не го познавам“ е:
а) лична заменка; б) показна заменка; в) лично-предметна заменка.

б) показна заменка


26. Во реченицата: „Што донесе за јадење?“ употребена е форма на:
а) лична заменка; б) лично-предметна заменка; в) показна заменка.

б) лично-предметна заменка


27. Како гласи долгата заменска форма за директен предмет за трето лице множина?

нив


28. Во реченицата: Во својот живот тој знаеше како сигурно да чекори., заменката тој претставува: а) показна заменка; б) лична заменка; в) односна заменка

б) лична заменка


29. Одговори каква заменка е употребена во реченицата: Ништо лошо не направив.

лично-предметна


30. Напиши ја формата за определена бројност на лица од машки род изведена од бројот пет.

Петмина


31. Заокружи ја формата што изразува приближна бројност во македонскиот јазик:
а) десетмина; б) десетина; в) десетти.

б) десетина


32. Подвлечи го зборот кој покажува приближна бројност во следнава реченица:
Постојат десетина инсекти чиј убод или загриз може да предизвика проблем.

десетина


33. Бројот употребен во реченицата: Тогаш извикаа десетина души, меѓу нив Марко и Христос, е:
а) сложен број; б) за точна бројност; в) за приближна бројност; г) за пресметлива бројност.

в) за приближна бројност


34. Глаголот кажавме припаѓа на:
а) а – глаголска група; б) е – глаголска група; в) и – глаголска група.

а) а – глаголска група


35. Глаголот во реченицата: „Во ливадата под снегот никнало цвеќенце“ е:
а) преоден; б) непреоден; в) повратен.

а) преоден


36. Глаголот употребен во реченицата: „Им испеков пита на децата“. е од:
а) а – глаголска група; б) е – глаголска група; в) и – глаголска група.

б) е – глаголска група


37. Глаголот употребен во реченицата: „Миле гради куќа“ е:
а) преоден глагол; б) непреоден глагол; в) повратен глагол.

а) преоден глагол


38. Глаголот се чешла е:
а) преоден; б) повратен; в) непреоден.

б) повратен


39. Повратните глаголи се разликуваат од другите глаголи по тоа што во себе вклучуваат ____________________________________________ форма.

кратка (повратна) заменска форма /се


40. Каков е видот на следните глаголи: заспа, истрча, тропна?

свршен вид


41. Одговори која проста глаголска форма е употребена во реченицата: Ајде, погледни уште еднаш!
а) минато време; б) заповеден начин; в) глаголски прилог; г) идно време.

б) заповеден начин


42. Која наставка се користи за образување на заповеден начин кај глаголите во еднина и во множина?

– ј,-јте; -и,-те


43. Првата глаголска форма употребена во дадената реченица замени ја со заповедна глаголска форма: Да пишуваш добро, те молам!

Пишувај


44. Во реченицата: „Кога би ја поканил би дошла“; употребен е:
а) исказен начин; б) заповеден начин; в) можен начин.

в) можен начин


45. Образувај заповеден начин од глаголот СЕДНА!

седни; седнете


46. Определи во кое време се употребени глаголските форми во следнава реченица: „Се наполнија бочвите, дојдоа гостите“.
а) минато определено свршено време; б) минато определено несвршено време; в) минато неопределено време.

а) минато определено свршено време


47. Минатото неопределено време се образува со помошниот глагол сум во сегашно време и со:
а) глаголска придавка; б) глаголска л-форма; в) глаголска именка.

б) глаголска л-форма


48. Глаголите во даденава реченица стави ги во минато определено несвршено време:
„Секое утро станува во седум часот и оди на прошетка покрај реката“.

стануваше, одеше


49. Глаголот во заградата стави го во идно прекажано време: Асистентот (дојде) утре на работа.

ќе дошол/ ќе дојдел


50. Глаголот даден во заграда во следната реченица стави го во минато определено свршено време и во соодветното лице. Илјада и една ноќ (помине) брзо.

поминаа


51. Заокружи ја буквата пред глаголската придавка:
а) викање; б) викајќи; в) викнат.

в) викнат


52. Определи кој збор е глаголска именка.
а) јаден; б) јадење; в) јадејќи.

б) јадење


53. Зборовите решение и соопштение припаѓаат на видот ___________________ именки.

глаголски именки


54. Кој од наведените зборови е глаголска придавка?
а) кренат; б) кревање; в) кревајќи.

а) кренат


55. Формата на глаголската именка од глаголот учи е:
а) учење; б) учејќи; в) учен.

а) учење


56. Глаголска именка е зборот:
а) уверение; б) уверувајќи; в) уверен.

а) уверение


57. Глаголска именка е зборот:
а) воспитување; б) воспитувајќи; в) воспитан

а) воспитување


58. Напиши ја глаголската именка од глаголот учи.

учење


59. Определи го прилогот меѓу наведените зборови во реченицата: Снегулките полека паѓаа на сувата земја.
а) снегулките; б) земја; в) полека; г) сувата.

в) полека


60. Кој од зборовите не е прилог?
а) вчера; б) откако; в) малку; г) многу.

б) откако


61. Наведи ги формите за компаратив и за суперлатив на прилогот малку.

помалку, најмалку


62. Кој збор од наведениве е прилог?
а) удвоен; б) двојно; в) двоина.

б) двојно


63. Од следните зборови прилог е:
а) овде; б) овој; в) од.

а) овде


64. Кој од следниве три збора е прилог?
а) капење; б) далеку; в) далечина.

б) далеку


65. Подвлечи ги предлозите во следниот извадок:
Среде такво идејно опкружување се јавува Епикур, филозофот од Градината, со совети до пријателите и следбениците на својата Школа да не се занимаваат со политика бидејќи човек по природа е асоцијално суштество.

од, со, до, на, со, по


66. Кој од следниве зборови е сврзник?
а) убаво; б) веројатно; в) иако; г) намерно.

в) иако


67. Во реченицата: Тој, сигурно, веќе пристигнал во градот ; модален збор е:

сигурно


68. Одговори каков видови зборови се: веројатно и сигурно.

модални


69. Двојна родова форма има именката:
а) верност; б) песок; в) жито; г) вода.

б) песок (тој песок, таа песок – песокот, песокта)