Матурски прашања од областа историски развој на македонскиот јазик.

Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Местото на македонскиот јазик во индоевропското семејство е во:
а) западната група словенски јазици; б) источната група словенски јазици;
в) источната група на јужните словенски јазици; г) западната група на јужните словенски јазици.

в) источната група на јужните словенски јазици


2. Национален е јазикот:
а) кој е во официјална употреба во државата; б) сите форми на јазикот на нацијата;
в) јазикот што има пропишана норма за употреба; г) јазик што го говори група луѓе географски одделена од друга група луѓе.

б) сите форми на јазикот на нацијата


3. Писмото во кое цртежите се на ниво на зборови се вика:
а) пиктографско; б) идеографско; в) фонетско.

б) идеографско


4. Прасловенскиот јазик станал писмен јазик во:
а) 9. век; б) 14. век; в) 19. век.

а) 9. век


5. Првата словенска азбука се вика:

а) глаголица; б) кирилица; в) латиница.

а) глаголица

6. Во која група словенски јазици припаѓа македонскиот јазик?
а) Источнословенска. б) Западнословенска. в) Јужнословенска

в) Јужнословенска


7. Кој е авторот на првата словенска азбука?
а) Климент Охридски. б) Св. Кирил. в) Константин Презвитер. г) Наум Охридски.

б) Св. Кирил.


8. Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ ги напишале (и отпечатиле) првите книги на:
а) македонски литературен јазик; б) бугарски литературен јазик; в) народен македонски јазик .

в) народен македонски јазик .


9. За македонските просветители од 19-тиот век заедничка е заложбата делата да се пишуваат на ______________________ јазик.

народен (македонски) јазик


10. Теодосиј Синаитски во Предговорот кон делото „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ запишал: „Еве кључ что отворует сердцето ваше, не кључ от злато и сребро, но кључ од железо и челик, што да не се вие… тој кључ може да отвори сердцето на простиот человек“. Кој е тој клуч од железо и челик за којшто зборува Синаитски? _________________

народниот јазик


11. Во кој век се поставува прашањето за создавање македонски литературен јазик?
а) 9. век; б) 14. век; в) 19. век

в) 19. век


12. Каков литературен јазик предлагал Ѓорѓија Пулевски? ______________________________________

посебен македонски литературен јазик (одвоен од бугарскиот)


13. Своите ставови за идниот македонски литературен јазик Крсте Петков Мисирков ги изнесува во книгата ________________________________________.

„За македонцките работи“


14. Кои се трите принципа што ги предлага Крсте Петков Мисирков за македонскиот литературен јазик:
а) _________________________; б) ___________________________; в)___________________________ .

а) за основа да се земат централните македонски говори (на линијата Велес — Прилеп — Битола — Охрид); б) правописот да биде фонетски (со мали отстапки), и в) да се земаат зборови од сите македонски говори и на тој начин постојано да се збогатува речникот;


15. За каков правопис се залага Крсте Петков Мисирков во своето дело „За македонцките работи“? __________________

фонетски


16. Првиот научно аргументиран, теоретски и практично разработен текст за кодификација на македонскиот јазик го предложил _______________________.

Крсте Петков Мисирков

17. Крсте Петков Мисирков се залага за основа на македонскиот литературен јазик да се земат ________________.

централните македонски говори (прилепски-битолски-велешки-охридски);


18. Кога е донесена одлука за официјализација на македонскиот јазик во македонската држава:
а) на Првото заседание на АСНОМ (2.8.1944);
б) на Второто заседание на АСНОМ (2.8.1945);
в) на состанокот на комисијата за јазик, по Втората светска војна.

а) на Првото заседание на АСНОМ (2.8.1944)