Матурски прашања од областа правопис:

Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Како се нарекува жителка на државата Египет?
а) Египетка; б) Египќанка; в) Египетчанка.

б) Египќанка


2. Кој од следниве зборови е погрешно напишан?
а) Анѓел; б) Ѓеврек; в) Гемија.

а) Анѓел


3. Множинските форми на именките радио и детаљ се:
а) радиа и детаљи; б) радија и детаљи; в) радија и детали.

в) радија и детали


4. Заокружи го погрешно напишаниот збор:
а) средство; б) вовче; в) ќибрит.

в) ќибрит


5. Подвлечи го погрешно напишаниот збор:
здравство, взаемно, гревота, стравотност

взаемно


6. Заокружи ја точната правописна форма:
а) сеуште; б) се уште; в) сè уште.

в) сè уште


7. Заокружи ја точната правописна форма:
а) скопјанец; б) македонец; в) американец.

а) скопјанец

8. Заокружи ја точната правописна форма:
а) 11 октомври; б) 11 Октомври; в) Единаесетти Октомври.

б) 11 Октомври


9. Заокружи ја точната правописна форма:
а) Драмски Театар; б) Струшки вечери на поезијата; в) Крпен Живот.

б) Струшки вечери на поезијата


10. Заокружи ја точната правописна форма:
а) Шар Планина; б) Соединети американски држави; в) Овче поле.

а) Шар Планина


11. Заокружи ја неточната правописна форма:
а) Англиски; б) Англичанец; в) Англија.

а) Англиски


12. Заокружи ја неточната правописна форма:
а) клуч; б) пљука; в) виљушка.

б) пљука


13. Заокружи ја неточната правописна форма:
а) ќесе; б) ќибрит; в) килим.

б) ќибрит


14. Заокружи ја точната правописна форма:
а) знаеја; б) пеач; в) никоји.

а) знаеја


15. Заокружи ја точната правописна форма:
а) тристотини; б) илјада; в) милјон.

б) илјада


16. Заокружи ја точната правописна форма:
а) петорицата; б) двестето; в) петте стотини.

б) двестето


17. Членувај го бројот шест: ________________________

шесте

18. Заокружи ја неточната правописна форма:
а) не може; б) неможе; в) не можејќи.

б) неможе


19. Заокружи ја неточната правописна форма:
а) неподготвен; б) незнаејќи; в) невистина.

б) незнаејќи

20. Заокружи ја точната правописна форма:
а) авиопревоз; б) авио-превоз; в) прв пат.

а) авиопревоз


21. Заокружи ја неточната правописна форма кај кратенките:
а) Р.М. (од Република Македонија); б) м (од метар); в) д-р (од доктор).

а) Р.М.


22. Заокружи ја неточната правописна форма кај кратенките:
а) т.е.; б) и.т.н.; в) и др.

б) и.т.н.


23. Напиши го надредниот знак над Е во реченицата:
Кога влеговме не не забележаа веднаш.

Кога влеговме не нѐ забележаа веднаш.


24. Заокружи ја неточната правописна форма:
а) шестте; б) смртта; в) болеста.

а) шестте


25. Заокружи ја точната правописна форма:
а) битолчанец; б) кумановчанец; в) кратовчанец.

а) битолчанец

26. Заокружи го зборот каде пред слоготворното „р“ треба да стои апостроф (’):
а) прв; б) зарти; в) црвен

б) зарти – за’рти


27. Напиши го надредниот знак над Е во реченицата:
Вчера се подготвував се да научам.

Вчера се подготвував сѐ да научам.


28. Запиши го точно зборот кој е погрешно напишан во реченицата: Денес во „Утрински Весник“ прочитав убедлив коментар за филмот „Трето полувреме“. _________________

весник (Утрински весник)


29. Кои зборови се правилно напишани?
а) Чаршија, виљушка, иљада, глувче. б) Виљушка, чаршиа, иљада, глуфче. в) Илјада, глувче, чаршија, виљушка.

в) Илјада, глувче, чаршија, виљушка.


30. Напиши го правилно погрешно напишаниот збор во следнава реченица: Директорот најпосле свати дека казната е вистинско средство за неработниците. ____________

свати – сфати


31. Напиши го точно зборот кој е погрешно напишан во реченицата: Многу Скопјани секоја година летуваат на Охридското Езеро. ____________

скопјани